Connect with us

Македонија

Левица: Законот за ПОПИС на населението ја повредува приватноста, тајноста и сигурноста на личните податоци

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица со реакција до јавноста во врска со пописот за можна  манипулација со личните податоци во насока на фалсификување на резултатите од процесот на попишување. Од Левица велат дека Законот за ПОПИС на населението ја повредува приватноста, тајноста и сигурноста на личните податоци.

„На интернет страницата за попис на населението е наведено дека личните податоци кои се прибираат со пописот се доверливи и се користат исклучиво за статистички цели?!

Ова е само уште една невистина која им се сервира на граѓаните, а со неа се овозможува полесна манипулација со личните податоци во насока на фалсификување на резултатите од процесот на попишување“, стои во реакцијата на левица до Јавноста.

„Дека информацијата дадена на интеренет страницата за попис на населението е невиситинита, говори членот 35 став 3 од Законот за попис. Овој член предвидува можност присутното полнолетно лице да даде податоци за отсутниот член на домаќинството без никаква изрична согласност од отсутниот член на домаќинството!? Таквата формулирана т.н. бланкетна норма, не само што остава преширок маневарски простор за манипулација на собраните податоци, туку е спротивнa и на чл. 8 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) – каде се утврдува дека секој го ужива правото на почитување на приватниот и семејниот живот, домот и кореспонденцијата.

Според јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права ова право на приватност се протега и на личните податоци на граѓанинот!

Правото на заштита на личните податоци е сегмент на круцијалното право на приватност, предвидено исто така во цитираниот чл. 8 на ЕКЧП, што му овозможува на едно лице да ги задржи за себе сите свои персонални податоци и истовремено ги исклучува другите лица од запознавање со таквите сензитивни информации кои не сака да ги открие – без оглед дали тие „блиски лица“ се негови роднини, пријатели, другари, интимни партнери, деловни субјекти, колеги и сл.

Во согласност со овој член од Конвенцијата, предвиден е и чл. 18 од нашиот Устав со кој е гарантирана тајноста и сигурноста на личните податоци“, стои во реакцијата од Левица.

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе

Македонија

Милошоски: И овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Media Press

Published

на

„Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јан-јули 2022 година“, напиша Антонио Милошоски на социјалните мрежи.

„Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, додава Милошоски.

Тој информира дека во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеал да поразговара со: Седрик Перин (Франција), Ине Сериде (Норвешка), Јан Фарски (Чешка Република), Моника Грегорчич (Словенија), Мими Кодели (Албанија) и Аудронис Азубалис (Литванија), на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции.

Прочитај повеќе

Македонија

ДЕНЕСКА Е 29 НОЕМВРИ, обичен ден а некогаш голем национален празник

Media Press

Published

на

  Историски, 29 ноември ја означува годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, кога во Јајце, 1943 година беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а понатаму во животот се славеше во вистинска свечена атмосфера, со изобилство храна и пијалоци, свечени академии, и се разбира… неработни денови.

По завршувањето на војната, на двегодишнината од заседанието во Јајце, на 29 ноември 1945 година, дотогашната Демократска Федеративна Република Југославија е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија. На состанокот во Јајце беше одлучено дека „Југославија ќе се изгради во демократска, федерална заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада во егзил ѝ беше забрането да се врати во земјата.
Оттогаш, 29 ноември се чествуваше како Денот на републиката и тоа беше еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ.

Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укинала со закон во ноември 2002.

Овој ден буди многу сеќавања и носталгични чувства кај многумина што ги живееле тие времиња. Песната „29 Ноември“ нема некој од постарите генерации да не ја рецитирал, а многумина сеуште ја паметат.

„Републико мила топло гнездо мое, го славиме денес раѓањето твое. Вечно да се млада најсреќна во цел свет, Републико мила мајски китен цвет“.

Првачињата на тој ден стануваа Титови пионери. Во училиштата полагаа заклетва со задолжителни приредби и читање состави на темата „Зошто го сакам другарот Тито. Секој пионер добиваше сина капа (титовка), црвена марама и црвена пионерска книшка.

Свечената пионерска заклетва беше:

„Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работам
и ќе бидам верен и добар другар.

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
дека ќе ги развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито.
Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
што сакаат слобода и мир!“

 

Прочитај повеќе