Струмица
Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости во време на пандемија, следуваат кривични пријави

Published
2 месеци agoна
By
Media Press
СВР Струмица по претходна пријава извршиле извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.
Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. За настанот бил известен Јавен обвинител.
Поврзани содржини
Вкупно 446 нови вработувања во здравствените установи низ државата
Над 100.000 регистрирани позитивни случаи од почетокот на пандемијата, 582 нови пациенти во изминатите 24 часа
Потребна е поголема заштита и подобри услови за луѓето што работат од дома
Бектеши: Поддршката на стопанството за надминување на штетите од пандемијата е наш приоритет
Изминатиот викенд во Радовиш има 11 нови случаи на Ковид-19, во регионот 104 нови пациенти
СДСМ: 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички
Струмица
Украла чанта со пари и ги закопала во својот двор, полицијата ги вратила на сопственикот

Published
5 дена agoна
април 13, 2021By
Media Press
Жена од струмичко отишла на гости и украла чанта со пари, по што ги закопала во својот двор.
„Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Имено на 29 март пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. На 07 април полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот, информира МВР.
Струмица
Притвор за момче од Струмица кое силувало девојка и за уште две лица кои му помогнале во намерата

Published
7 дена agoна
април 11, 2021By
Media Press
На 09 април во петокот Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Д. (18) од Струмица, со престојувалиште во село Банско, струмичко, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од село Банско, поради тоа што на 08.04.2021 околу 17:40 часот на ул.„Невена Стојкова“ И.Д. извршил обљуба врз 18-годишна девојка од струмичко село,, а М.Д., А.Д. и уште две лица му помогнале во намерата.Лицата набрзо биле лишени од слобода и по обезбедените докази на 09.04.2021 година биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, кој на тројцата им определил мерка притвор.
Струмица
Кривична пријава против три лица од Банско, струмичко кои организирале свадбена веселба

Published
1 недела agoна
април 8, 2021By
Media Press
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 28 февруари пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби.

Деновиве активно се работи на санација на кровот на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш

Три нови струки во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш кои ќе бидат и финансиски поддржани

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци
