Connect with us

Македонија

Богојески: Господин Георгиевски нуди пазарџиски купи продади метод, а македонскиот идентитет не е на продажба!

Media Press

Published

на

Промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески остро реагира на изнесеното предлог решение за решавање на македонско-бугарскиот спор од страна на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски. Богојески очекува од него многу повеќе и посуштински. Но според Богојески, очигледно коалицијата со СДСМ има влијание врз него и му наметнале “купи ден помини” стил на политика.

„На Македонија и на Бугарија им е неопходно конечно решение. Не празни приказни кои проблемите ги оставаат под тепих за повторно да ескалираат за неколку години, обично на штета на нашата страна. Тоа конечно решение е оставинска постапка, расчистување со наследството на бугаризмот на територијата на Македонија и помирување со македонизмот.

Господин Георгиевски нуди пазарџиски купи продади метод, а македонскиот идентитет не е на продажба!

Георгиевски заборавил на правилото на реципроцитет во односите помеѓу земјите. Ако ние треба да дадеме гаранции дека нема да поддржуваме македонски активности во Бугарија, тогаш тие треба да дадат гаранции дека нема да поддржуваат бугарски активности во Македонија. “Еднонасочна љубов не е љубов, туку опцесија на еден партнер. Тоа Георгиевски сигурно го знае”, вели Богојески.

Знаеме дека на господин Георгиевски му е близок српскиот рецепт на решавање на етничките прашања на Балканот. Тоа го видовме во 2001 година и потоа во соработката со премиерот Зоран Џинџиќ. Но за Македонија и Македонците тоа е неприфатливо. Господине Георгиевски, српските сценарија да си ги зачувате за вас и вашиот коалиционен партнер.

“Идејата да се маркираат историски личности и настани за продажба, а Бугарија да ги цензурира нашите учебници е целосно скандалозна. Единствено внимание заслужува предлогот да се разоткријат нарушувањата на човечките права за време на комунизмот, да се соопшти вистината за убиени и прогонети семејства кои не биле по вкус на тогашниот режим, кое јас го надоградувам со предлог за репатријација на прогонетите од Македонија и враќање на македонско државјанство на нивните наследници”, додава тој.

Љубчо Георгиевски очигледно сеуште живее во минатиот век и тврди дека “се криеле биографиите” на македонските војводи. Тоа е смешно. Денес на интернет има повеќе од доволно да прочитаме и за дивите племиња од Амазон, а не пак за македонските војводи.

Предлог решението за јазикот е толку подводливо и наивно, што просто зачудува како може лингвист по професија како Георгиевски, да понуди такво нешто. Георгиевски треба да разбере дека користењето на кирилицата при писмено изразување на народниот македонски говор не е користење на бугарски јазик. Најважно, бугарски јазик користат само оние кои биле образувани или вработени од Кнежество/ Царство Бугарија, но не и останатите Македонци и интелектуалци. Кирилицата не е бугарска своина, туку сеопшто историско и културно наследство на сите Словени на планетата Земја, поклонето од Константинопол за нас“, потенцира Богојески.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе

Македонија

Милошоски: И овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Media Press

Published

на

„Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јан-јули 2022 година“, напиша Антонио Милошоски на социјалните мрежи.

„Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, додава Милошоски.

Тој информира дека во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеал да поразговара со: Седрик Перин (Франција), Ине Сериде (Норвешка), Јан Фарски (Чешка Република), Моника Грегорчич (Словенија), Мими Кодели (Албанија) и Аудронис Азубалис (Литванија), на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции.

Прочитај повеќе

Македонија

ДЕНЕСКА Е 29 НОЕМВРИ, обичен ден а некогаш голем национален празник

Media Press

Published

на

  Историски, 29 ноември ја означува годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, кога во Јајце, 1943 година беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а понатаму во животот се славеше во вистинска свечена атмосфера, со изобилство храна и пијалоци, свечени академии, и се разбира… неработни денови.

По завршувањето на војната, на двегодишнината од заседанието во Јајце, на 29 ноември 1945 година, дотогашната Демократска Федеративна Република Југославија е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија. На состанокот во Јајце беше одлучено дека „Југославија ќе се изгради во демократска, федерална заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада во егзил ѝ беше забрането да се врати во земјата.
Оттогаш, 29 ноември се чествуваше како Денот на републиката и тоа беше еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ.

Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укинала со закон во ноември 2002.

Овој ден буди многу сеќавања и носталгични чувства кај многумина што ги живееле тие времиња. Песната „29 Ноември“ нема некој од постарите генерации да не ја рецитирал, а многумина сеуште ја паметат.

„Републико мила топло гнездо мое, го славиме денес раѓањето твое. Вечно да се млада најсреќна во цел свет, Републико мила мајски китен цвет“.

Првачињата на тој ден стануваа Титови пионери. Во училиштата полагаа заклетва со задолжителни приредби и читање состави на темата „Зошто го сакам другарот Тито. Секој пионер добиваше сина капа (титовка), црвена марама и црвена пионерска книшка.

Свечената пионерска заклетва беше:

„Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работам
и ќе бидам верен и добар другар.

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
дека ќе ги развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито.
Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
што сакаат слобода и мир!“

 

Прочитај повеќе