Connect with us

Економија

УЈП: Работодавачите ќе враќаат до 50 проценти од субвенциите за придонеси за месеците април, мај и јуни

Media Press

Published

на

Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.

За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех за 2020 година.

За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, се поднесува Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.

Економија

Продолжен рокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар

Media Press

Published

на

Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ.  

По барањата пристигнати до Владата на Република Македонија и до Централниот регистар за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар излегува во пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка.
 
„Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност Законот за Трговски друштва. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19, а со цел  запазување на законските рокови“, велат од Владата.
 
Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка.

„Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности“, велат од Централен регистар.

Прочитај повеќе

Економија

Од денес се исплаќаат средствата за социјална, детска и цивилна заштита

Media Press

Published

на

Од денеска започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година соопштува Министерството за труд и социјална политика.

Сите корисници на парични средства што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подиграт готовина од банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронското и мобилното банкарство од денес.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

  • 04.03.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ  
  • 05.03.2021  (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Прочитај повеќе

Економија

Издадена осмата еврообврзница со каматна стапка од 1,625%

Media Press

Published

на

Издадена осмата по ред еврообврзница од страна на Министерството за финансии. Оваа еврообврзницата е во вредност од 700 милиони евра со рок од 7 години и има најниска каматна стапка од 1,625%.

Истата ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра. Нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра.

„Како што беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, со средствата обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит. Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975%, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска.“ – стои во соопштението на министерството за економија

Македонија претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, во 2009 со камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%.“Издадена осмата еврообврзница по историски најниска каматна стапка од 1,625%

Прочитај повеќе