Connect with us

Македонија

Левица со реакција до јавноста: По чија мерка се прекројува образованието

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица со реакција до јавноста во која прашува по чија мерка се прекројува образованието.

„Деновиве се случуваат разни средби, се даваат изјави, доаѓаат информации и сите се во прилог на стравувањата, кои ги искажа јавноста во врска со причините и карактерот на т.н реформи во образованието.

Прво дојдоа најави за обуки во текот на летото – како и што беше јасно дека ќе бидат потрошени парите (21,5 милиони евра), со кои државава се задолжи за следната деценија. Но, апетитите на политичарите очигедно не завршуваат таму и не можат да бидат зауздани ниту кога јадењето живи луѓе ќе се трансформира во незаситно проголтување на иднината. Неприфатливо е политичари да дискутираат за содржини во учебници и да најавуваат промени и цензура, делејќи ги содржините на прифатливи и неприфатливи!

Да не заборавиме дека Арбр Адеми, довчерашниот министер за образование, денешен преговарач за квалитетот на учебниците, се има стекнато со научно звање надвор од законски дадената рамка на криминален начин, што ни малку не го препорачува за лице соодветно за преговори, освен ако и измените не подразбираат некое незаконско дејство.

Основна особеност на науката, оттука и на образованието засновано на научни содржини е објективноста! Содржините во учебниците треба да бидат јасни, нагледни, илустративни, соодветни на возраста и степенот на образование, засновани на потврдени и прифатени научни факти, и.т.н., а не дали тие се прифатливи или неприфатливи за дневно политичките манипулации и трибалистичкиот популизам на одредени политички групации. Тоа што е неприфатливо е дневната политика и тесните партиски интереси да ги кројат наставните програми и учебниците, според кои ќе се образуваат децата и младите во Македонија.

Левица во својата изборна програма и низ своето дејствување се залага за образование и учебници по мерка на личноста, бесплатно, јавно и достапно за сите, затоа што само такво образование може да креира личности кои ќе успеат да создадат пристојно за живот општество, општество по мерка на човекот и човечкото достоинство, а не по мерка на капиталистите чиј интерес и кога е завиткан во разни обланди е постојано ист- живот на туѓ грб!“ стои во реакцијата до јавноста од Левица

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе

Македонија

Милошоски: И овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Media Press

Published

на

„Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јан-јули 2022 година“, напиша Антонио Милошоски на социјалните мрежи.

„Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, додава Милошоски.

Тој информира дека во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеал да поразговара со: Седрик Перин (Франција), Ине Сериде (Норвешка), Јан Фарски (Чешка Република), Моника Грегорчич (Словенија), Мими Кодели (Албанија) и Аудронис Азубалис (Литванија), на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции.

Прочитај повеќе

Македонија

ДЕНЕСКА Е 29 НОЕМВРИ, обичен ден а некогаш голем национален празник

Media Press

Published

на

  Историски, 29 ноември ја означува годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, кога во Јајце, 1943 година беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а понатаму во животот се славеше во вистинска свечена атмосфера, со изобилство храна и пијалоци, свечени академии, и се разбира… неработни денови.

По завршувањето на војната, на двегодишнината од заседанието во Јајце, на 29 ноември 1945 година, дотогашната Демократска Федеративна Република Југославија е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија. На состанокот во Јајце беше одлучено дека „Југославија ќе се изгради во демократска, федерална заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада во егзил ѝ беше забрането да се врати во земјата.
Оттогаш, 29 ноември се чествуваше како Денот на републиката и тоа беше еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ.

Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укинала со закон во ноември 2002.

Овој ден буди многу сеќавања и носталгични чувства кај многумина што ги живееле тие времиња. Песната „29 Ноември“ нема некој од постарите генерации да не ја рецитирал, а многумина сеуште ја паметат.

„Републико мила топло гнездо мое, го славиме денес раѓањето твое. Вечно да се млада најсреќна во цел свет, Републико мила мајски китен цвет“.

Првачињата на тој ден стануваа Титови пионери. Во училиштата полагаа заклетва со задолжителни приредби и читање состави на темата „Зошто го сакам другарот Тито. Секој пионер добиваше сина капа (титовка), црвена марама и црвена пионерска книшка.

Свечената пионерска заклетва беше:

„Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работам
и ќе бидам верен и добар другар.

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
дека ќе ги развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито.
Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
што сакаат слобода и мир!“

 

Прочитај повеќе