Connect with us

Валандово

Наскоро започнува изградба на нова детска градинка во Јосифово, Општина Валандово

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска при посетата на Општина Валандово, заедно со градоначалникот на општината, Перо Костадинов и Спасе Додевски, Kоординатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, ги посетија Дневниот Центар за деца за попреченост и Детската градинка „Калинка“ во општина Валандово.

„Вложувањето во раниот детски развој претставува инвестиција во иднината на една држава. Валандово претставува една успешна приказна како треба да се одвива соработката помеѓу локалната самоуправа и централната власт,“ истакна министерката Шахпаска по посетата на детската градинка „Калинка“ која претставува еден современ, енергетски ефикасен објект изграден согласно европските и светски стандарди за згрижување на деца во предучилишна возраст.

Од страна на Министерството за труд и социјална политика беше изградена нова детска градинка во село Брајковци, која работи во склоп на детската градинка „Калинка“ и која е со капацитет за згрижување од 40 деца. А преку проектот за подобрување на социјалните услуги во најкраток рок треба да започне изградба на нов објект детска градинка во село Јосифово. Објектот треба да биде со капацитет за згрижување на 57 деца и истиот треба да биде изграден по сите светски стандарди за детска заштита и објект со високо ниво на енергетска ефикасност.

„Отворањето на градинки во рурални средини, во секое населено место, овозможува вклучување на децата во системот на предучилишно воспитание и образование, а од друга страна овозможува и нивните родители се вклучат на пазарот  на трудот,“ истакна министерката Шахпаска.

Шахпаска по посетата на Дневниот центар за деца со посебни потреби кој моментално го посетуваат 12 дечиња на возраст од 5- 14 години истакна дека заложбите на Министерството и општината се во насока на обезбедување на поголем опфат на деца со посебни потреби уште од најраната возраст , но и после четиринаесетата година.

Градоначалникот на Општина Валандово , Перо Костадинов изрази задоволство од досегашната соработка со Министерството за труд и социјална политика, за што потврдуваат досегашните реализирани проекти од областа на социјалната и детска заштита.

Валандово

Поради психичка тортура, како што самиот кажа, Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов ја напушти седницата на Совет

Media Press

Published

на

Жестока дискусија се разви на одржаната седница на Советот на Општина Валандова околу приходите и расходите на финасискиот извештај на ЈП Комунален сервис од Валандово.

По вербаланата расправа околу  финансискиот извештај за 2020,  помеѓу советникот Митко Занов и директорот на јавното претпријатие,  во која се вклучија и останати советници и градоначалникот Перо Костадинов, ситуацијата ескалира со напуштање на седницата од страна на градоначалникот.    

Поради психичка тортура, како што самиот кажа, Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов ја напушти седницата на Совет, потоа се врати на истата и даде негово објаснување. Напуштањето на седницата резултираше по упатената контра реплика од страна на советникот Митко Занов.

Прочитај повеќе

Валандово

Занов: Бруто платата на вработените во ЈП Комунален сервис во Валандово во 2020 зголемена за 4 милиони денари

Media Press

Published

на

На одржанта седница на општина Валандово како точка на дневен ред беше ставен и финансискиот извештај на  ЈП Комунален сервис  за 2020, кој по презентацијата на истиот од страна на директортот на Јавното претпријатие, предизвика и дополнителни прашања.

  Директорот на ЈП Комунален сервис  рече дека нето добивката за 2020 година како резултат на разликата од приходите и расходите е 109 295 денари.  

Советникот Занов  од Советничката група на ВМРО -ДПМНЕ со прашања до директорот, колку е наплатата  за потрошените кубици вода од правните лица, како и дали Јавното претпријатие ако не добило помош од државата ќе било во минус од околу 500 илјади денари. Тој рече дека бруто платата во 2020 е зголемена за 4 милиони  денари во однос на 2019 и притоа побара одговоро на што се должи тоа.

Директорот на Комунален сервис појасни зошто се зголемени вкалкулираните бруто плати, а во однос процентот на наплата рече дека ќе бидат изговени посебни извештаи за секое населено место и ќе бидат доставени до советниците.  

Прочитај повеќе

Валандово

Започнува со работа мобилен тим за помош на ранливи категории граѓани во Општина Валандово

Media Press

Published

на

Започнува со работа мобилен тим за помош на ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства со лица со попреченост во Општина Валандово.

„Во тимот за помош и поддршка се вклучени медицинско лице, социјален работник и две лица за основни работи. Овој тим ќе биде во секојдневна комуникација со граѓаните кои имаат потреба од помош и истиот ќе пружи основна медицинска помош и ќе врши набавка на прехрамбени продукти, средства за хигиена, лекови и слично“ информира градоначалникот Перо Костадинов.

Станува збор за Проект “Се грижиме” е финансиран од страна на УНДП и Општина Валандово и истиот ќе трае до 31.03.2021 година.

Сите граѓани кои имаат потреба, може да се пријават на: 071/239-849 велат од општината.

Прочитај повеќе