Радовиш
8 возила кои вршат превоз на патници во Радовиш биле упатени на вонреден технички преглед

Published
2 weeks agoon
By
Media Press
8 возила кои вршат превоз на патници во Општина Радовиш биле упатени на вонреден технички преглед.
Имено вчера во периодот од 09.00 до 13.00 часот на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Радовиш била спроведена контрола на техничка исправност на возила кои вршат јавен превоз на патници, при што 8 возила биле упатени на вонреден технички преглед. Кај 3 од возилата била констатирана техничка неисправност на уредот за запирање и тие биле исклучени од сообракај. Исто така, биле констатирани и 13 останати прекршоци. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани, информира СВР Струмица, ПС Радовиш .
Радовиш
Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената

Published
18 hours agoon
March 8, 2021By
Media Press
Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов со пригодна честитка им го честита 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.
„Родовата рамноправност е фундаментално човеково право со кое се зголемува општествената кохезија и благосостојба. Ве охрабрувам да останете посветени на политиките за рамноправност и зајакнување на родовата еднаквост во сите сфери на живеење.“ – стои во честитката
Воедно, тој им се заблагодарува што посветено работат за развојот на локалната заедница и општина и им посакува добро здравје и успех на секое поле.
Радовиш
Во недела наутро ЈП Плаваја ќе врши кастрење на високостеблести дрвја, препаркирајте ги своите возила

Published
5 days agoon
March 4, 2021By
Media Press
ЈП Плаваја им соопштува на станарите во зградите со број 41, 43, 45, 47 и 49, на улица Самоилова“, на потегот од улица „Кеј 8-ми Септември“ до улица „22-ри Октомври“, во Радовиш, дека на ден 07.03.2021 година во недела, со почеток во 07:00 часот наутро, ќе пристапи кон кастрење и сечење на високостеблести дрвја, постапувакќо по решение издадено од ЕЛС Општина Радовиш.
„За таа цел се замолуваат граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила на паркингот пред наведените згради, а исто така и да го намалат движењето во тој дел од градот во наведеното време. За секоја евентуално настаната штета ЈП Плаваја нема да сноси одговорност, доколку не се почитува ова соопштение“, велат од ЈП плаваја.

Радовиш
Започна уредувањето на тротоарите на улица Плачковица во Радовиш

Published
1 week agoon
March 1, 2021By
Media Press
Активно се работи на изградба и уредување на тротоарите на улица Плачковица, во населба Куклевица во Радовиш. Граѓаните кои што живеат во оваа населба по околу триесетина години, велат дека конечно улицата заличи, а и ќе нема повеќе трева и кал на тротоарите.

Градоначалникот Герасим Конзулов денеска изврши увид во градежните активности и притоа спомна дека станува збор за поставување на 11 илјади метри квадратни бекатон плочки на тротоарите на улицата.

Конзулов вели дека со право, на секоја средба со граѓаните се барало да се уредат пешачките зони и да се зголеми безбедноста во сообраќајот на една од најпрометните улици во градот. Тој спомне и дека сега е решен и проблемот со водоснабдувањето, кој беше долгогодишен проблем во населба Кулкевица, благодарение на успешното менаџирање на сегашниот директор во ЈП Плаваја, но и со изградбата на новиот резервоар за вода.

Градоначалникот Конзулов спомна и дел од проектите на кои се работи во овој период и кои ќе следуваат во наредните месеци. Ќе се дозаврши регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица, се гради мостот на река Марлада, ќе се градат нови фасади на три згради во центарот Радовиш, ќе бидат изградени велосипедска и пешачка патека од двете страни на булеварот Александар Македонски, целосно ќе се обновува улица Свети Спасо Радовишки се до монополот, а ќе се реализираат проекти и во населените места.
Конзулов спомна дека има проблеми со несериозноста на некои изведувачи но се преземаат мерки да се надминат.


Стоилковски: Зоран Заев знае дека губи, проѕирна е неговата игра, понудата за влада е обид сопствен спас

Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената
