Македонија
Oд вечерва ново поскапување на нафтените деривати

Published
2 weeks agoon
By
Media Press
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, на седницата одржана денес, донесе нова одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Во однос на одлуката од претходната недела, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,28%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден/кг и сега ќе изнесува 34,759 ден/кг.
Од вечерва после полноќ највисокитемалопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 66,00 (денари/литар) |
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 68,00 (денари/литар) |
Дизел гориво | ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 56,00 (денари/литар |
Масло за горење | Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | 45,00 (денари/литар) |
Мазут | М-1 НС | 35,834 (денари/килограм) |
Поврзани содржини
Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста
Регулаторна комисија донесе нова одлука – поскапуваат горивата
Зголемување за 2,64% на малопродажните цени на нафтените деривати
Од вечерва бензините поскапуваат за денар и пол, дизелот и екстра-лесното масло за денар
Цените на горивата остануваат исти, благо поскапување на мазутот и екстра лесното масло
Дизелот поевтинува за половина денар, цената на бензините останува иста
Македонија
Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Published
16 hours agoon
March 8, 2021By
Media Press
На денешната седница на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 %.
Бензините БС-95 и БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на Дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.
Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,843 денари за килограм .
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 66,00 (денари/литар) |
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 68,00 (денари/литар) |
Дизел гориво | ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 56,00 (денари/литар |
Масло за горење | Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | 45,00 (денари/литар) |
Мазут | М-1 НС | 35,834 (денари/килограм) |
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,397% и кај мазутот за 0,694 %, додека намалување има кај дизелот за 0,124% и кај екстра лесното масло за 0,029% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,832%.
Македонија
Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Published
18 hours agoon
March 8, 2021By
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека е предложено воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда.

„Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19.“ – дополнува тој
Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
Македонија
Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Published
4 days agoon
March 5, 2021By
Media Press
Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниска расправа за измените и дополнувања на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа укажа на неколку пропусти.
„Прво, ваков закон правнички може да се оквалификува како пара закон, квази закон, времен закон, привремен закон затоа што трае една година. Првата ненаучена лекција, или кога го менувате Законот за ДДВ и внесовте дека нема да има ДДВ цели три дена, ви укажав дека не може ваква одредба бидејќи законите имаат неограничено правно дејство, ако сакате такво нешто наведувате во преодни и завршни одредби“ кажа пратеничката Гордана Силјановска Давкова .
Дополнително на тоа, укажува дека секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.
„Ние имаме административна, ама ќе имаме и фискална децентрализација кога ќе има постојан прилив на пристоен износ на средства за да може општините да ги извшуват надлежностите“ – дополни пратеничката Гордана Силјановска Давкова .

Стоилковски: Зоран Заев знае дека губи, проѕирна е неговата игра, понудата за влада е обид сопствен спас

Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената
