Струмица
Приведени двајца малолетници поради убиство на 67 годишна струмичанка

Published
2 weeks agoon
By
Media Press
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на Д.М. (67) во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници.
На 19.02.2021, по добиено оперативно сознание во СВР Струмица дека во куќа во Струмица се извршени кривични дела разбојништво и силување, а врз основа на наредба од Основен суд Струмица, извршен е претрес во куќа на ул. „Балканска” во Струмица, каде е пронајдена мртва Д.М. (67).
Преземени се мерки за расчистување на случајот и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување. Поради основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Убиство”, казниво по член 123 од КЗ, на 19.02.2021 година, најпрво, во Гевгелија е лишен од слободамалолетник (13 години), а потоа во Струмица малолетник (14 години).
По наредба на ОС Струмица, со цел обезбедување на дополнителни докази, извршен е претрес во домовите на осомничените.
Во просториите на СВР Струмица, во присуство на педагог од Центарот за социјални работи Струмица, родител и адвокат, извршен е службен разговор со осомничените, при што целосно е расчистено кривичното дело, а малолетниците со соодветен поднесок се предадени во Oсновното јавно обвинителство и во Центарот за социјални работи во Струмица, за понатамошна постапка согласно законската регулатива, информира СВР Струмица.
Поврзани содржини
Струмица доби Европска куќа, каде младите ќе ги чуваат и негуваат европските вредности
Малолетници од Струмица извршиле 25 кривични дела- разбојништво и кражби, во последните два месеци
Здружението на граѓани ОБНОВА Глобал Струмица апелира за донации за реконструкција на Глобал
Уште една акција на радовишката полиција за сузбивање на дрвокрадството, пет лица се фатени како крадат дрва
Лишен од слобода радовишанец за кој имало распишано потерница
Приведени тројца прилепчани кои извршиле тешки кражби во станови во Струмица
Струмица
Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости во време на пандемија, следуваат кривични пријави

Published
1 week agoon
March 1, 2021By
Media Press
СВР Струмица по претходна пријава извршиле извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.
Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. За настанот бил известен Јавен обвинител.
Струмица
Струмица доби Европска куќа, каде младите ќе ги чуваат и негуваат европските вредности

Published
2 weeks agoon
February 21, 2021By
Media Press
Струмица доби Европска куќа, во зградата спроти малиот градски парк. На вчерашното отворање, на коешто присуствуваа претседателот на Владата, Зоран Заев и амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир, градоначалникот Коста Јаневски им го предаде клучот од Европската куќа на младите луѓе од Струмица.

„Европска куќа ќе биде исклучително „жив“ простор во кој младите од општина Струмица, па и пошироко, ќе ги чуваат и негуваат европските вредности, преку разни форми на дружење, инфо-услуги, ЕУ-дискусии, реализација на проекти, промоции на ЕУ-настани, изложби, филмски, музички и мултимедијални настани, работилници и слично. Убеден сум дека оваа куќа ќе биде омилена дестинација за младите и дека сите настани кои ќе бидат реализирани ќе ги дадат посакуваните резултати, рече во своето обраќање, градоначалникот Јаневски.

Струмица
Нова ѕвезда на струмичкиот плоштад со името на фудбалската легенда Горан Пандев

Published
3 weeks agoon
February 19, 2021By
Media Press
По повеќе од две години од крадењето на ѕвездата на фудбалската легенда Горан Пандев, вчера беше повторно поставена нова ѕвезда.
„Ѕвездата на Пандев беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад.
Верувам дека овој пат, ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад, ќе ја чуваме исто како и што се радуваме на неговите успеси и промоција на нашата општина и нашата држава.“’ – напиша градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски

Стоилковски: Зоран Заев знае дека губи, проѕирна е неговата игра, понудата за влада е обид сопствен спас

Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената
