Connect with us

Радовиш

Под слоганот „Стави го својот потпис за вистински попис!“ ОК на ВМРО -ДПМНЕ од Радовиш од денеска собира потписи

Media Press

Published

on

Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ  од Радовиш од денеска го започнува процесот  за собирање  на потписи за поништување на законот за попис. Граѓаните  кои ја поддржуваат оваа граѓанска иницијатива денеска се потпишуваа на поставениот штанд на градскиот пазар во Радовиш.

„Стави го својот потпис за вистински попис!“ гласи слоганот на штандот на кој граѓаните се потпишуваат. Вчера претседателот на ОК на ВМРО -ДПМНЕ од Радовиш Јован Ристов го повика граѓаните од Општина Радовиш да дадат поддршка на граѓанската иницијатива за поништување на законот за попис кој според него е политичи со однапред договорени бројки.

На поставениот штанд денеска беше присутен и пратеникот од Радовиш Здравко Трајанов, од редовите на ВМРО -ДПМНЕ.

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената

Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов со пригодна честитка им го честита 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

„Родовата рамноправност е фундаментално човеково право со кое се зголемува општествената кохезија и благосостојба. Ве охрабрувам да останете посветени на политиките за рамноправност и зајакнување на родовата еднаквост во сите сфери на живеење.“ – стои во честитката

Воедно, тој им се заблагодарува што посветено работат за развојот на локалната заедница и општина и им посакува добро здравје и успех на секое поле.

Continue Reading

Радовиш

Во недела наутро ЈП Плаваја ќе врши кастрење на високостеблести дрвја, препаркирајте ги своите возила

Media Press

Published

on

ЈП Плаваја им соопштува на станарите во зградите со број 41, 43, 45, 47 и 49, на улица Самоилова“, на потегот од улица „Кеј 8-ми Септември“ до улица „22-ри Октомври“, во Радовиш, дека на ден 07.03.2021 година во недела, со почеток во 07:00 часот наутро, ќе пристапи кон кастрење и сечење на високостеблести дрвја, постапувакќо по решение издадено од ЕЛС Општина Радовиш.

„За таа цел се замолуваат граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила на паркингот пред наведените згради, а исто така и да го намалат движењето во тој дел од градот во наведеното време. За секоја евентуално настаната штета ЈП Плаваја нема да сноси одговорност, доколку не се почитува ова соопштение“, велат од ЈП плаваја.

Continue Reading

Радовиш

Започна уредувањето на тротоарите на улица Плачковица во Радовиш

Media Press

Published

on

 Активно се работи на изградба и уредување на тротоарите на улица Плачковица, во населба Куклевица во Радовиш. Граѓаните кои  што живеат во оваа населба по околу триесетина години,  велат дека конечно улицата заличи, а и ќе нема повеќе трева и кал на тротоарите.

 Градоначалникот Герасим Конзулов денеска изврши увид во градежните активности  и притоа спомна дека станува збор за поставување на 11 илјади метри квадратни бекатон плочки на тротоарите на улицата.

Конзулов  вели дека со право, на секоја средба со граѓаните се барало да се уредат пешачките зони и да се зголеми безбедноста во сообраќајот на една од најпрометните  улици во градот. Тој спомне и дека сега е решен и проблемот со водоснабдувањето, кој беше долгогодишен проблем во населба Кулкевица, благодарение на успешното менаџирање на сегашниот директор во ЈП Плаваја, но и со изградбата на новиот резервоар за вода.

 Градоначалникот Конзулов спомна и дел од проектите на кои се работи во овој период и кои ќе следуваат во наредните месеци. Ќе се дозаврши регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица, се гради мостот на река Марлада, ќе се градат нови фасади на три згради во центарот Радовиш, ќе бидат изградени велосипедска и пешачка патека од двете страни на булеварот Александар Македонски, целосно ќе се обновува улица Свети Спасо Радовишки се до монополот, а ќе се реализираат проекти и во населените места.

 Конзулов спомна дека има проблеми со несериозноста на некои изведувачи но се преземаат мерки  да се надминат.

Continue Reading