Connect with us

Македонија

За два дена вакцинирани 453 здравствени работници, пријавени се над 91.000 граѓани за вакцинација

Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека 453 здравствени работници кои работат во ковид центрите се вакцинирале во изминатите два дена.

Во тек е имунизација со вакцината од производителот Фајзер, а кон крајот на месецот во нашата земја се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител Синофарм, од каде во директни преговори купени се 200.000 вакцини против КОВИД-19.

„Република Македонија преку КОВАКС механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини. Правата испорака која ќе пристигне во нашата земја ќе биде со вакцината АстраЗенека, од која првата количина е планирано да стиген во март. Од оваа вакцина за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Во правата испорака на Ковакс механизмот за вакцини Фајзер вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите кои почнале сопствени програми за вакцинација против КОВИД-19.“ – Стои во информацијата од Министертвото за здравство

Од таму дополнуваат дека е во тек првата фаза од имунизација во нашата земја, а во меѓувреме тече пријавувањето на веб страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата започнува веднаш после здравствените работници опфатени во правта фаза.

Досега на веб страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70 годишна возраст.

Македонија

Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Media Press

Published

on

На денешната седница на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 %.

Бензините БС-95 и БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на Дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.

Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,843 денари за килограм .

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9566,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9868,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)56,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)45,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС35,834 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,397% и кај мазутот за 0,694 %, додека намалување има кај дизелот за 0,124% и кај екстра лесното масло за 0,029% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,832%.

Continue Reading

Македонија

Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека е предложено воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда.

„Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19.“ – дополнува тој

Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Continue Reading

Македонија

Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Media Press

Published

on

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниска расправа за измените и дополнувања на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа укажа на неколку пропусти.

Прво, ваков закон правнички може да се оквалификува како пара закон, квази закон, времен закон, привремен закон затоа што трае една година. Првата ненаучена лекција, или кога го менувате Законот за ДДВ и внесовте дека нема да има ДДВ цели три дена, ви укажав дека не може ваква одредба бидејќи законите имаат неограничено правно дејство, ако сакате такво нешто наведувате во преодни и завршни одредби“ кажа пратеничката Гордана Силјановска Давкова .

Дополнително на тоа, укажува дека секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.

„Ние имаме административна, ама ќе имаме и фискална децентрализација кога ќе има постојан прилив на пристоен износ на средства за да може општините да ги извшуват надлежностите“ – дополни пратеничката Гордана Силјановска Давкова .

Continue Reading