Македонија

ССМ: Работодавачите мораат да го задржат бројот на вработените како услов за добивање на финансиската поддршка за плати

Финансиската поддршка за исплата на плати за работниците од најпогодените сектори беше воведена уште на самиот почеток на здравствента криза предизвикана од заразната болест Ковид-19 токму на барање на ССМ.

И со петтиот пакет мерки продолжува ваквата финансиска поддршка за исплата на платите на работниците со што се спречи да бидат доведени во прашање работните места на работниците во погодените сектори.

„Условите за добивање на финансиската поддршка за плати се истите како и за четвртиот пакет мерки, со тоа што на наше инсистирање, работодавачите мораат да го задржат бројот на вработените заклучно со 31.12.2020 година со што, работниците кои ги изгубиле своите работни места во јануари и февруари ги враќаме на работа, доколку работодавачите сакаат да добијат финансиска поддршка за исплата на плати, а ги гарантираме и нивните работни места во периодот додека се користи мерката и месеците по завршување на истата, а истиот се однесува и за работодавачите кои ќе сакаат да користат од мерката бескаматни кредити.“ – стои во соопштението на ССМ

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago