Македонија

Андонов: Професионалните возачи од херои до жртви

„Новите мерки кои ги воведоа Германија, Тирол (Австрија) и Чешка создадоа хаос во товарниот транспорт, сериозно наштетувајќи му на синџирот на достава. Воведена е обврска за задолжителен негативен КОВИД-19 тест и за професионалните возачи. По одлуката на Германија, да ги стави Чешка и Словачка во групата земји каде има варијанти на вирусот непознат за Германија, како реципроцитет и Чешка воведе обврска за возачите во меѓународниот транспорт кои ја транзитираат Чешка со дестинација Германија, да имаат негативен КОВИД-19 тест. Домино ефект од кој штета имаат само транспортерите.

Возачи од цела Европа и од Македонија, со денови се заглавени во Германија, на минусни температури, чекајќи групирани во стотици да направат тест на одредени пунктови. Со ова всушност се зголемува и можноста на ширење на вирусот! Возачите се изолирани во своите кабини и треба да бидат изземени од обврската за тестирање.

Меѓународната унија за патен транспорт ИРУ, реагираше со писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а одговорот беше дека мора да се почитуваат зелените коридори и дека товрниот транспорт не смее да застане.

Тука е и дискриминацијата на возачите од трети земји, земји кои не се членки на ЕУ, нашите возачи. Различниот третман на транспортните професионалци кои пристигнуваат од трети земји ќе доведе до значително заостанување на надворешните граници на ЕУ.

Обврската за електронски најави, во секоја земја различни формулари, ја обременува работата на транспортните компании, а последици од неисполнување на овие обврски се секако високите казни.

Не е доволно да ги нарекуваме херои, треба да им помогнеме. Професијата се соочува со недостиг на кадар, а со ова проблемот уште повеќе се зголемува. Возачите не сакаат да бидат тестирани секој втор ден, да одат на пунктови каде се прават огромни гужви, а со тоа и голем ризик од ширење на вирусот.

СИЗ Македонија Сообракај АМЕРИТ, реагираше кај сите надлежни институции, да завземат единствен став пред Европската Комисија, да се изземат возачите од обврската за негативен тест, и да не се нарушува меѓународниот товарен транспорт. Возачите работат сами, деновите ги поминуваат во сопствен карантин, во кабината на возилото и почитуваат строги мерки за заштита од вирусот. Веќе го видовме хаосот во декември кој настана поради воведувањето на Франција тестови за возачите кои доаѓаат од Англија, и како резултат на тоа се блокираше клучната трговска рута. Да ги оставиме возачите да ја работат својата работа и да не дозволиме повторување на кризата во Довер на Европскиот континент“, реагира управителот Лефтер Андонов, СИЗ Македонија Сообракај АМЕРИТ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago