Connect with us

Македонија

Пратеникот Павле Трајанов, ги достави предлог измените на Изборниот Законик, на мислење до сите пратеници

Media Press

Published

on

Денеска пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, ги достави предлог измените на Изборниот Законик, на мислење до сите пратеници, со цел да можат да се искажат свои ставови и сугестии по истите, информираат од партијата.

„Со Предлог-Законот за изменување на Изборниот Законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел и без изборен праг. Пресметката за избор на пратеници да се одвива со Донтовиот количник.

Со измените се очекува составот на Парламентот да биде реален одраз на определбата на граѓаните, да се зајакне владеење на правото, да се развиваат демократските процеси и создадат услови за системски промени во државата.

Врз основа на досегашните консултации, поголемиот број од партиите се за Македонија да биде една изборна единица (останува и можност тројца пратеници да бидат нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг и сл.По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот Законик. Во прилог е доставена и работната верзија на Предлогот на закон за изменување на Изборниот законик“, соопштуваат од Демократски сојуз.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Мисајловски: Преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит

Media Press

Published

on

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски по посетата на граѓаните во општина Ѓорче Петров истакна дека е премногу задоволен благодарен на многу македонски граѓани што дадоа потпис за законот за попис. Тој дополни дека преку 80.000 потписи се соберени за една недела.

„Сакам да ги охрабрам граѓаните уште помасовно да ни се приклучуваат бидејќи се уште трае оваа кампања, и ќе продолжи во наредните две – три недели за да имаме што повеќе потписи. Еве додека јас зборувам, граѓани се потпишуваат и навистина ни даваат елан за да продолжиме со оваа акција.“ – изјави Мисајловски

Continue Reading

Македонија

Над 100.000 регистрирани позитивни случаи од почетокот на пандемијата, 582 нови пациенти во изминатите 24 часа

Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.


Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.  
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје  (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.
Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.  
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје  (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Continue Reading

Македонија

Царовска: Заедно со компаниите ги утврдуваме потребни профили за средното стручно образование

Media Press

Published

on

Mинистерката за образование и наука Мила Царовска заедно со заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани и градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари пристуствуваа на средба со претставници на локалната власт во Гостивар, средните стручни училишта и компаниите. 

Преку овој карван на социјални дијалози под мотото „учи паметно, работи стручно“, заедно со училиштата, општините и компаниите се утврдуваат кои се профилите кои што се потребни на пазарот на труд за да се отворат во учебната 2021/2022 година.

На овој начин овозможуваме поголема вработливост. Но, од друга страна не само што ги усогласуваме профилите и програмите согласно потребите, туку Министерството за образование наука од следната учебна година, ќе стипендира профили кои што се утврдиле како значајни и важни за реалниот сектор преку овие дебати. Очекувам успех и конкурсот кој ќе се објави оваа година и за гимназиите и за средните стручни училишта ќе биде прилагоден на локалните потреби“, изјави Царовска. 

Continue Reading