Економија
Половина од бескаматната кредитна линија ќе се претвори во грант доколку компаниите ги инвестираат во својот бизнис

Published
1 week agoon
By
Media Press
Компаниите, кои покажале позитивни резултати, ако ги инвестираат нивните средства за да ги развијат бизнисите, ќе им следува дополнителна помош од државата.
„Со мерката „Кредити со 0 проценти камата за најпогодените сектори“ овие компании ќе имаат можност 30 проценти од кредитната линија да ја трансформираат во грант, доколку ја прошират нивната економска активност или го зголемат бројот на вработени, потенцира министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостувањето на Алсат телевизија.
„Доколку компаниите годинава го прошират својот бизнис за најмалку 10 проценти во споредба со минатата година, тогаш 30 проценти од кредитот се претвора во грант. Доколку пак го зголемат бројот на вработени за 5 проценти споредено со минатата година, тогаш 50 проценти од кредитната линија станува неповратен, односно грант“, вели Бесими.
Тој нагласува дека овој пакет не е само за спас на економијата, туку е пакет за економско заздравување и економски раст.
Токму од овие причини и мерката „Финансиска поддршка за исплата на плати“ е редизајнирана. Како што нагласува Бесими, „доколку во минатото, компаниите кои 2020 година ќе ја завршат со профит требаше да вратат 50% од субвенциите, сега ако тие го инвестираат овој дел, не се должни да ги вратат средствата во буџет, туку ќе ги искористат за проширување на бизнисот и развој на економијата“.
Целта е овие средства да се адресираат за развој и инвестиции наместо да се вратат во буџетот и истите да бидат пренасочени за развој на домашната економија. Имено, оваа мерка се комбинира со мерката за кредити со 0% камата и идејата е комплетно да се трансформираме во модел насочен кон забрзување на економијата“, потенцира тој.
Поврзани содржини
Бесими: Компаниите кои ќе инвестираат во развој, нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка за плати
СДСМ: Ребалансот на Буџетот за 2020 година значи зголемена поддршка за граѓаните и компаниите погодени од коронакризата
Кривична одговорност за фирмите кои користеле државна финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите вработени
Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците
1.579 јавувања за една недела во контакт центарот за економските мерки – Најчести се прашањата за финансиска поддршка за компаниите
Големи автомобилски компании започнуваат со произвоство на респираторни машини
Економија
УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Published
21 hours agoon
February 26, 2021By
Media Press
Управата за јавни приходи известува дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.
На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.
„Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници.“ – стои во соопштението на Управата за јавни приходи
Економија
УЈП: Работодавачите ќе враќаат до 50 проценти од субвенциите за придонеси за месеците април, мај и јуни

Published
1 day agoon
February 26, 2021By
Media Press
Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.
За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех за 2020 година.
За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, се поднесува Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.
Економија
Годишни сметки во хартиена форма за 2020 ќе се доставуваат и во сабота и понеделник

Published
3 days agoon
February 24, 2021By
Media Press
Централен регистар преку соопштение ги известува сите обврзници за поднесување на годишни сметки во хартиена форма дека ќе се врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година и во деновите:
- 27.02.2021 година (сабота) од 08:00 – 16:00 часот
- 01.03.2021 година (понеделник) од 08:00 – 20:00 часот.
Исто така во понеделник од 08:00 – 16:00 часот ќе се доставуват годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година во хартиена форма за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:
- Кратово – во објектот на Општина Кратово
- Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
- Крушево – во објектот на Уни банка

ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Мисајловски: Преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит

Над 100.000 регистрирани позитивни случаи од почетокот на пандемијата, 582 нови пациенти во изминатите 24 часа
