Гевгелија
Поднесена кривична пријава од Царинска управа за фирма од Гевгелија поради неплатена акциза за тутун
Објавено на
Од
Media Press
Царинската управа на Република Северна Македонија на 10.02.2021 година до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против две правни лица со седишта во Тетово и Гевгелија и против 3 одговорни лица, поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра односно стоки“.
„Станува збор за увезен необработен тутун, со вкупна количина од 146.278 кг. нето, пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 281.585.150,00 денари и камати за ненавремено плаќање од 12.505.380,66 денари или вкупно 294.090.531 денар, односно повеќе од 4,7 милиони евра.
Имено, се работи за десет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Гевгелија во месец декември 2017 и во текот на цела 2018 година година, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.“ – стои во соопштението на Царинската управа.
Во координација со Основното јавно обвинителство од Гевгелија, инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа извршија претреси на повеќе локации во Скопје заради обезбедување на докази во врска со случајот.
Поврзани содржини

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм

ЦУ: На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови, аналгетици, анестетици, антиалергенси

Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на граничен премин Богородица

МЗШВ: Исплатени 1,5 милијарди денари кон 14.300 тутунари

Запленети 4 тона апчиња и гел за потенција ризични по здравјето на луѓето

МЗШВ: Исплатени рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

