Македонија
347 нови случаи на Ковид-19, седум починати лица
Објавено на
Од
Media Press
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево по 6, Битола, Гостивар и Делчево по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница по 3, Ресен, Валандово, и Кратово по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица по еден.
Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80, 79, 69 и 61 година), по еден пациент од Куманово (80), Велес (66) и Прилеп (61). Шестмина пациенти се починати во болнички услови, а еден е починат во домашни услови.
Регистрирани се 168 оздравени пациенти од: Скопје – 110, Куманово и Прилеп по 7, Кавадарци – 6, Тетово и Крива Паланка по 5, Гостивар, Велес и Неготино по 4, Битола и Гевгелија по 3, Штип и Радовиш по 2, Охрид, Струмица, Свети Николе, Кратово, Демир Капија и Дојран по еден.
Досега во земјата се направени вкупно 492.374 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
Скопје 42.746, активни 2.810
Куманово 5.400, активни 243
Тетово 5.295, активни 220
Прилеп 4.918, активни 359
Гостивар 3.710, активни 114
Штип 3.584, активни 90
Битола 3.331, активни 126
Велес 3.306, активни 236
Охрид 3.067, активни 385
Кавадарци 3.000, активни 435
Струмица 2.631, активни 146
Струга 2.327, активни 165
Кочани 1.774, активни 49
Кичево 1.751, активни 66
Свети Николе 1.100, активни 24
Гевгелија 1.088, активни 103
Неготино 1.061, активни 97
Дебар 781, активни 38
Ресен 781, активни 64
Крива Паланка 769, активни 41
Радовиш 741, активни 43
Делчево 707, активни 220
Берово 624, активни 30
Пробиштип 523, активни 19
Виница 507, активни 25
Валандово 343, активни 16
Демир Хисар 256, активни 11
Кратово 254, активни 26
Македонски Брод 251, активни 10
Крушево 246, активни 50
Богданци 233, активни 10
Демир Капија 227, активни 33
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 183, активни 3
Дојран 95, активни 12.
Поврзани содржини

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за казнетите во корона периодот

Нови 40 случаи на Ковид во Југоистокот во последните три дена

И според последните податоци има нови случаи на Ковид -19 во Радовиш

Од 1 февруари Данска ги укинува сите Ковид мерки

Струмица над 560 активни случаи на Ковид -19, Радовиш 110 активни

Во Струмица нестабилно, короната влезе и во училиштата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

