Денеска започнува вакцинирањето на здравствените работиници што работат во ковид-центрите во целата држава, кои досега беа во првата борбена линија.Вакцинирањето ќе се врши во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Вакцинацијата
започнува во 10 часот, а прв ќе
се вакцинира медицинскиот персонал што работи на Инфективната клиника во
Скопје. Пунктот во модуларната болница, каде што има 6 вакцинални позиции, ќе
работи во две смени, од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат
медицински тимови од Здравствниот дом Скопје.
Според
утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.
На
секој здравствен работник што ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана
втора доза за ревакцинација.
Со пратката од 4.680 дози вакцини од производителот на
американската „Фајзер“, донирани од Србија , имунизација ќе се споведува само
во оваа болница во Скопје, а со пристигнувањето на другите дози вакцини, ќе се
врши дистрибуција низ останатите здравствени домови во земјава каде
вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови.
Инаку досега се пријавени 4.000
здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2.000 се во градот Скопје, а
останатите се во другите градови. Граѓаните пак, кои се заинтересирани за
вакцинирање против Ковид-19, во меѓувреме се пријавуваат на веб-страницата
vakcinacija, на министерството за здравство и кај матичните лекари.
Вкупно 50.200 граѓани досега се
пријавиле за вакцинирање против Ковид-19
преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, a преку матичните лекари преку системот
„Мој термин“ се пријавија 23.808 лица.