Connect with us

Македонија

Од денеска започнува вакцинацијата во Македонија

Avatar

Published

на

Денеска започнува вакцинирањето на здравствените работиници што работат во ковид-центрите во целата држава, кои досега беа во првата борбена линија.Вакцинирањето ќе се врши во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Вакцинацијата започнува во 10 часот, а прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал што работи на Инфективната клиника во Скопје. Пунктот во модуларната болница, каде што има 6 вакцинални позиции, ќе работи во две смени, од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствниот дом Скопје.

Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.

На секој здравствен работник што ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.

Со пратката од 4.680 дози вакцини од производителот на американската „Фајзер“, донирани од Србија , имунизација ќе се споведува само во оваа болница во Скопје, а со пристигнувањето на другите дози вакцини, ќе се врши дистрибуција низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови.

Инаку досега се пријавени 4.000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2.000 се во градот Скопје, а останатите се во другите градови. Граѓаните пак, кои се заинтересирани за вакцинирање против Ковид-19, во меѓувреме се пријавуваат на веб-страницата vakcinacija, на министерството за здравство и кај матичните лекари.

Вкупно 50.200 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, a преку матичните лекари преку системот „Мој термин“ се пријавија 23.808 лица.

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Македонија

Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Avatar

Published

на

 Во интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.

„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.

Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.

„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.

Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.

До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени

Avatar

Published

на

„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.

„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.

Прочитај повеќе