Економија
Пензионерите и овој месец предвреме ќе ја добијат својата пензија

Published
3 weeks agoon
By
Media Press
На вчерашната редовна 45-та седница Владата беше разгледана и усвоена информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2021 година. За предвремена исплата на пензиите, Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.02.2021 година на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник); и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник).
Поврзани содржини
Од утре започнува предвременото етапно исплаќање на пензиите
Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии
МТСП: Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии
МТСП: Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии
Според Заев, Фондот може да ја издржи предложената мерка за пет години порано заминување во пензија
Oд денеска започна исплатата на августовските пензии, пред банките гужви
Економија
Од денес се исплаќаат средствата за социјална, детска и цивилна заштита

Published
5 days agoon
March 4, 2021By
Media Press
Од денеска започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година соопштува Министерството за труд и социјална политика.
Сите корисници на парични средства што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подиграт готовина од банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронското и мобилното банкарство од денес.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
- 04.03.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
- 05.03.2021 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.
Економија
Издадена осмата еврообврзница со каматна стапка од 1,625%

Published
5 days agoon
March 4, 2021By
Media Press
Издадена осмата по ред еврообврзница од страна на Министерството за финансии. Оваа еврообврзницата е во вредност од 700 милиони евра со рок од 7 години и има најниска каматна стапка од 1,625%.
Истата ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра. Нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра.
„Како што беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, со средствата обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит. Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975%, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска.“ – стои во соопштението на министерството за економија
Македонија претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, во 2009 со камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%.“Издадена осмата еврообврзница по историски најниска каматна стапка од 1,625%
Економија
УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Published
2 weeks agoon
February 26, 2021By
Media Press
Управата за јавни приходи известува дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.
На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.
„Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници.“ – стои во соопштението на Управата за јавни приходи

Стоилковски: Зоран Заев знае дека губи, проѕирна е неговата игра, понудата за влада е обид сопствен спас

Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената
