Connect with us

Македонија

Д-р Добринка и главната сестра Габриела од Инфективната клиника први ја примија вакцината против КОВИД-19

Media Press

Published

on

Од денеска започна имунизацијата во државата. Вакцинирани 107 медицински лица на инфективната клуника во Скопје со Фајзер вакцината од Србија. Д-р Добринка Наунова Јовановска и главната сестра Габриела Темелковска од Инфективната клиника први ја примија вакцината против КОВИД-19.

„Со нив, го почнавме процесот на имунизација во земјава. Тие се медицински лица со значајно искуство и огромен придонес во борбата против вирусот. Им се заблагодарувам за пожртвуваноста во целиот изминат период грижејќи се неуморно за нашите пациенти, деца, роднини и пријатели. Во знак на почит, вакцинацијата ја почнуваме токму со здравствените работници од ковид центрите. Ги заштитуваме затоа што се во првите борбени линии и ни се потребни во работата!“ соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Д-р Добринка и главната сестра Габриела се чувствуваат добро и упатија порака дека ова е единствениот начин за да ставиме крај на пандемијата.

„Ја примив вакцината и се чувствувам одлично. Аплицирањето на вакцината е безболно. Порачувам секој да прими вакцина, по сопствен избор секако. Но тоа е единствениот начин да се заштитиме од инфекцијата со која се соочуваме цела година, со која целиот свет се бори, па и ние сосем добро. Втората доза ја примам за 21 ден. За мене ќе биде една голема сигурност тоа што сум примила вакцина и веројатно ќе бидам заштитена многу повеќе од оние кои нема да го сторат тоа“, изјави примариус д-р Наунова Јовановска – специјалист за неуроинфекции од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Македонија

Мисајловски: Преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит

Media Press

Published

on

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски по посетата на граѓаните во општина Ѓорче Петров истакна дека е премногу задоволен благодарен на многу македонски граѓани што дадоа потпис за законот за попис. Тој дополни дека преку 80.000 потписи се соберени за една недела.

„Сакам да ги охрабрам граѓаните уште помасовно да ни се приклучуваат бидејќи се уште трае оваа кампања, и ќе продолжи во наредните две – три недели за да имаме што повеќе потписи. Еве додека јас зборувам, граѓани се потпишуваат и навистина ни даваат елан за да продолжиме со оваа акција.“ – изјави Мисајловски

Continue Reading

Македонија

Над 100.000 регистрирани позитивни случаи од почетокот на пандемијата, 582 нови пациенти во изминатите 24 часа

Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.


Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.  
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје  (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.
Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.  
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје  (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Continue Reading

Македонија

Царовска: Заедно со компаниите ги утврдуваме потребни профили за средното стручно образование

Media Press

Published

on

Mинистерката за образование и наука Мила Царовска заедно со заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани и градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари пристуствуваа на средба со претставници на локалната власт во Гостивар, средните стручни училишта и компаниите. 

Преку овој карван на социјални дијалози под мотото „учи паметно, работи стручно“, заедно со училиштата, општините и компаниите се утврдуваат кои се профилите кои што се потребни на пазарот на труд за да се отворат во учебната 2021/2022 година.

На овој начин овозможуваме поголема вработливост. Но, од друга страна не само што ги усогласуваме профилите и програмите согласно потребите, туку Министерството за образование наука од следната учебна година, ќе стипендира профили кои што се утврдиле како значајни и важни за реалниот сектор преку овие дебати. Очекувам успех и конкурсот кој ќе се објави оваа година и за гимназиите и за средните стручни училишта ќе биде прилагоден на локалните потреби“, изјави Царовска. 

Continue Reading