Економија
Бесими: Компаниите кои ќе инвестираат во развој, нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка за плати

Published
2 weeks agoon
By
Media Press
Фирмите нема да ги враќаат средствата од мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март, доколку истите ги инвестираат во наредниот период во раст и развој, без разлика дали ќе остварат добивка или загуба на крајот на годината. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција на која беше презентиран Петтиот пакет антикризни мерки.
За мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март
предвидени се 1,92 милијарди денари. Се очекува месечно со мерката да бидат опфатени по 60.000 работници. Финансиската поддршка ќе биде склаеста и ќе изнесува од 14.500 денари до 21.776 денари по вработен месечна плата.
Како критериум за доделување на мерката ќе биде економскиот резултат, односно падот на приходите во месеците ноември и декември 2020 и јануари 2021 година, со истите месеци во 2019, односно 2020 година.
-Денес на Влада исто така ги имаме законите за исплата на плати за февруари и март. Новината во мерката во споредба со тоа што било во досегашниот период, компаниите кои покажале успех, односно оние кои имале позитивен финансиски резултат, од нивната добивка требале да ја вратат финансиската поддршка, додека тие што не прикажуваат добивка во текот на 2020 година, беа ослободени целосно од износот доколку притоа ги исполнат сите давачки кон државата. Новината која овој пакет го носи, фокусирањето кон закрепнувањето и економскиот раст, е дека без разлика дали покажуваат загуба или успех, 50% од субвенциите согласно законот треба да ги вратат следната година, освен доколку тие средства ги инвестираат наредиот период во раст и развој, тогаш ќе бидат ослободени целосно. Фокусот е на инвестиции и раст покрај поддршка на закрпенување на економијата и на приватниот сектор – рече Бесими.
Поврзани содржини
Просечна месечна исплатена плата по вработен декември 2020 година
ССМ: Работодавачите мораат да го задржат бројот на вработените како услов за добивање на финансиската поддршка за плати
Половина од бескаматната кредитна линија ќе се претвори во грант доколку компаниите ги инвестираат во својот бизнис
Бочварски: Преку 700 милиони евра инвестираме за модернизација на Коридор 8
Сојузот на синдикати бара субвенциите за плати да бидат дел и од петтиот пакет мерки
Развојна Банка: Одобрени се 23 милиони евра од ,,Ковид 3”, за вкупно 2.009 корисници со 15.197 вработени
Економија
УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Published
23 hours agoon
February 26, 2021By
Media Press
Управата за јавни приходи известува дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.
На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.
„Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници.“ – стои во соопштението на Управата за јавни приходи
Економија
УЈП: Работодавачите ќе враќаат до 50 проценти од субвенциите за придонеси за месеците април, мај и јуни

Published
1 day agoon
February 26, 2021By
Media Press
Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.
За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех за 2020 година.
За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, се поднесува Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.
Економија
Годишни сметки во хартиена форма за 2020 ќе се доставуваат и во сабота и понеделник

Published
3 days agoon
February 24, 2021By
Media Press
Централен регистар преку соопштение ги известува сите обврзници за поднесување на годишни сметки во хартиена форма дека ќе се врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година и во деновите:
- 27.02.2021 година (сабота) од 08:00 – 16:00 часот
- 01.03.2021 година (понеделник) од 08:00 – 20:00 часот.
Исто така во понеделник од 08:00 – 16:00 часот ќе се доставуват годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година во хартиена форма за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:
- Кратово – во објектот на Општина Кратово
- Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
- Крушево – во објектот на Уни банка

ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Мисајловски: Преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит

Над 100.000 регистрирани позитивни случаи од почетокот на пандемијата, 582 нови пациенти во изминатите 24 часа
