Економија

Министерството за економија објави Јавен повик за финансиска поддршка на активен туризам

Согласно програмата за развој на туризмот во Македонија за 2021 година, Министерството за економија објави Јавен повик за финансиска поддршка на активен туризам.

Предметот на јавниот повик е субвенционирање трошоци за опрема и алатки кои ќе помогнат во подобрување на овој вид туризам за што Министерството за економија ќе надомести 50% од прикажаните трошоци за оваа намена, но не повеќе од 150.000 денари за една апликација.

Надоместок ќе биде доделен за:
– Набавка на опрема и алатки и
– Уредување или подобрување на деловниот простор.

Согласно оваа програма за развој на туризмот во Македонија, предвидени се средства во вкупен износ од 3.5 милиони денари.

Краен рок за аплицирање на овој Јавен повик од Министерството за економија за финансиската поддршка на активен туризам е 31.05.2021 и сите апликации ќе бидат разгледувани по принципот „прв дојден – прв услужен“. Сите апликации ќе бидат разгледувани од Комисија формирана од министерот за економија.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago