Македонија

Во среда почнува вакцинацијата со здравствените работници во модуларната болница во Клинички центар

Пристигнаа 4680 од вкупно 8000 вакцини од компанијата Фајзер како поддршка од Владата на Република Србија. Во среда ја почнуваме вакцинацијата со здравствените работници во модуларната болница во Клинички центар, истакна министерот за здравство Венко Филипче на церемонијата на примопредавањето на вакцините од Србија .

Упатувам благодарност за овој пријателски гест до претседателот Вучиќ. Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што сме подготвени за вакцинација. Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години“, изјави министерот Филипче кој денеска беше присутен на примопредавањето на вакцините на граничниот премин Табановце.

„Досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2000 се во градот Скопје, а останатите се во другите градови. Со првата пратка на фајзерови вакцини од Србија ја почнуваме вакцинацијата на здравствените работници. Први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар. Во однос на испораката на 200-те илјади кинески вакцини, работиме на последните детали, по што вакцините од кинескиот производител ќе стигнат во Северна Македонија. Сите вакцини се развиени на безбедни платформи и со истите ќе го спречиме ширењето на КОВИД-19 вирусот“, вели Филипче.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago