Пратеникот од Радовиш од редовите на СДСМ Коле Чаракчиев, на прес конференција ги презентираше инвестициите на Владата во областа на енергетиката.
„Инвестираме во гасификација и обновливи извори на енергија, за почист воздух и здрава животна средина.Градиме фотоволтаични, фотонапонски централи, како на приватно така и на државно земјиште со крајна цел, во наредните 5 години да се влезе во инвестициски циклус кој ќе обезбеди земјата да биде позелена.
Нашите планови се до 2026 година да биде заменет првиот блок од најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола кој работи на јаглен, со фото напонска електрана. До 2024 РЕК Битола да се исклучи првиот блок кој работи на јаглен за да се замени со гасна електрана за производство на електрична енергија и за топлификација на Битола. Исто така во 2023 година двата блока ќе се модернизираат.
Долгорочна цел е да ја направиме државата заедно со европските земји, кои од доминантно застапените фосилни енергенси се пренасочуваат кон прозводни енергетски капацитети кои ќе го користат: сонцето, ветерот, водата, биогоривото и секако природниот гас за производство на енергија, електрична, топлинска.
Во фаза на изградба се три фотоволтаични електрани, а ќе следат и повици за изведба на фотоцентрали на инвеститори кои што се заинтересирани за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, на државно и приватно земјиште. Во фаза на градба се и ветерните електрани во Богданци и новиот проект во Миравци“, истакна Чаракчиев на прес – конференција.