Connect with us

Македонија

Мицкоски: Навистина не гледам проблем во тоа, на личната карта да стои дека сум Македонец

Media Press

Published

on

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема ништо против да се воведе етничка графа во личните карти.

„Навистина не гледам проблем во тоа, на личната карта да стои дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои од страна му служат на Зоран Заев, кои се обидуваат да го спречат тоа. Јас навистина не гледам проблем зошто во мојата лична карта не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец. А некој тоа сака да го спречи.

Мицкоски вели дека некоја тоа сака да го спречи, а ним претходно им сметал македонскиот јазик, Македонија и АСНОМ.

„ Затоа јас навистина не гледам што е тука спорно, ако во графата националност, нели бетон беше идентитетот, стои мојата етничка припадност дека јас сум Македонец. И инсистирам тоа да стои, зошто сето тоа да го опстуираме“, додаде Мицкоски.

„Зошто тоа што го ибриша Зоран Заев по насилен пат со Преспанскиот договор да не биде вратено во личната карта“, додаде Мицкоски

Македонија

Се поскапуваат бензините за половина денар, цената на дизелот останува иста

Media Press

Published

on

На денешната седница на регулаторна комисија за енергетика и водни услуги е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 %.

Бензините БС-95 и БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на Дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.

Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,843 денари за килограм .

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9566,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9868,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)56,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)45,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС35,834 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,397% и кај мазутот за 0,694 %, додека намалување има кај дизелот за 0,124% и кај екстра лесното масло за 0,029% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,832%.

Continue Reading

Македонија

Предложен нов полициски час во земјата, владата одлучува на утрешната седница

Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека е предложено воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда.

„Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19.“ – дополнува тој

Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Continue Reading

Македонија

Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Media Press

Published

on

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниска расправа за измените и дополнувања на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа укажа на неколку пропусти.

Прво, ваков закон правнички може да се оквалификува како пара закон, квази закон, времен закон, привремен закон затоа што трае една година. Првата ненаучена лекција, или кога го менувате Законот за ДДВ и внесовте дека нема да има ДДВ цели три дена, ви укажав дека не може ваква одредба бидејќи законите имаат неограничено правно дејство, ако сакате такво нешто наведувате во преодни и завршни одредби“ кажа пратеничката Гордана Силјановска Давкова .

Дополнително на тоа, укажува дека секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.

„Ние имаме административна, ама ќе имаме и фискална децентрализација кога ќе има постојан прилив на пристоен износ на средства за да може општините да ги извшуват надлежностите“ – дополни пратеничката Гордана Силјановска Давкова .

Continue Reading