Македонија

Левица е против предлог законот за лични карти, со кој би се овозможило да стои графа за етничка припадност

Пратеникот од политичката партија Левица Борислав Крмов, одржа прес конференција по повод предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лични карти, поднесен од пратеничката група на БЕСА, а со кој би се овозможило во личните карти да стои графа за етничка припадност.

Левица е против етничка поделба во било кое поле на општеството, па поради тоа, остро се спротиставува на овој предлог закон, за што и денес поднесе повеќе од 1200 амандмани, со што го прекина разгледувањето на оваа точка, којашто беше на Дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Многу малку држави имаат вакви графи во своите лични карти бидејќи тоа само ги засилува поделбите и секаде каде што има вакво внесување на етничка графа се конзервативни средини и ја засилува поларизацијата внатре во општеството. Ние веќе со досегашните закони го имам издигнато етничкиот идендитет и на овој начин со државен декрет го ставаме на пијадестал. Посебно во конфликти ситуации вакви докумети со вакви профилации се посебно опасни“ вели пратеникот, Борислав Крмов додавајќи дека заради ова и други причини бараат овој закон да се повлече.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за обновување и одржување на семафорската сигнализација

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за тековно одржување, санација и подобрување на функционалноста на…

4 часа ago

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

1 ден ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

1 ден ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

1 ден ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

4 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

4 дена ago