Connect with us

Радовиш

Кражбата на електрична енергија директно од системот на улично, е причина што некои делови во градот остануваат без осветлување

Avatar

Published

на

 Врз основа на реакции на група граѓани кои живеат во реонот околу ул. Шаин маале во Радовиш, во насока на упатување критики за неквалитетно улично осветлување, од општината информираат:


„Во тој реон, особено во зимските месеци сме соочени со ситуација во која поголем дел од тамошните жители, вршат кражба на електрична енергија од напојувањето на системот на улично осветлување, со тоа што своите објекти за домување, на диво ги приклучуват на фазата наменета за напојување на уличните светилки. Во таква ситуација често се соочуваме со хаварии во Трафостаницата, поточно во делот на автоматиката  и заштитата, во делот на изводот за напојување на уличното осветлување во овој реон, при што доаѓа до целосно уништување на заштитата, скллопките и целиот развод.

Од таа причина се случува подолг период овој регион (Шеин маале, Корчо маале и дел од ул. Калузлиска) да останат без систем за улично осветлување. Се извинуваме до чесните граѓани кои своите обврски редовно си ги измируват, а заради погоренаведеното и тие повремено се оставени без напојување на уличното осветлување“ стои во соопштението од Општина Радовиш, сектор Инспекторат. 


Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе