Connect with us

Спорт

АМС ја објави листата со ваучери за спортот за 2021

Media Press

Published

на

Агенцијата за млади и спорт на својата веб страница ја објави листата со спортските клубови за 2021 година кои добиваат ваучери а кои може да ги искористат за добивање средства од даночните обврзници во земјава.

Во листата се опфатени и повеќе клубови и од Југоистокот ако во машка така и во женска конкуренција. Износот на ваучерите е различен за сите, висината зависи од спортот, постигнатите резултати, организираноста на клубот, рангот на натпреваруање.

Од Радовиш, ваучери од Агенцијата за млади и спорт добија ЖФК Плачковица во износ од 400.000 денари, ФК Детонит Јуниор во износ од 50.000 денари, РК Радовиш во износ од 4.000.000 денари, БК Бучим во износ од 500.000 денари, СК Бучим Радовиш во износ од 200.000 денари, Бел Камен – Радовиш во износ од 90.000 денари.

Целата листа на клубови ја има на официјалната веб страница на Агенцијата за Млади и Спорт

прикажи повеќе
Advertisement

Спорт

ФК Плачковица ќе биде домаќин на ФК Осогово

Media Press

Published

на

Нашиот фудбалски клуб Плачковица ќе биде домаќин на ФК Осогово во Сабота на 26.03.2021 година.

Овој натпревар од пролетниот дел на првенството ќе започне во 14:00 часот и ќе се игра според протоколите односно публика нема да биде присутна.

ФК Плачковица минатиот викенд играше против ФК Кожув од Гевгелија каде и двата тима добија по еден бод со резултат од 0:0 на крајот од второто полувреме.

Прочитај повеќе

Спорт

Ракометарите на Радовиш ќе ги одмеруваат силите со Металург

Media Press

Published

на

Денес во почеток од 16:00 часот во ракометната екипа на Радовиш ќе се соочува со ракометарите на Металург РА.

Целиот натпревар може да се гледа на стрим во живо преку Јутуб каналот на Ракометна Федерација на Македонија.

Натпреварот ќе се емитува во живо на следниот линк.

Прочитај повеќе

Спорт

РК Радовиш со нови засилувања во нападот

Media Press

Published

на

Пред стартот на плеј-аут натпреварите, тимот на Мијалов го засилува нападот и во своите редови.

Во редовите на РК „Радовиш“ ќе заигра Милош Лојаничиќ – играч на десната бековска позиција со потекло од Србија кој се натпреваруваше повеќе тимови меѓу кои РК Осијек, РК Раднички КГ и РК Спартак Војпут.

На левата бековска позиција во тимот на Радовиш ќе заигра и Петар Ачимовиќ – играч кој може и да игра на левата крилна позиција заедно со најновото засилување на Мијалов, пикерот од Либан, Али Кобеиси.

Прочитај повеќе