Connect with us

Радовиш

Улица „Илинденска“ во центарот на Радовиш, осветлена со ново енергетски ефикасно улично осветлување

Media Press

Објавено на

Централното подрачје на Радовиш конечно е осветлено како што треба. Со промената старите, со нови енергетски ефикасни лед сијалици на уличното осветлување во градот и улица „Илинденска“ која речиси беше во целосен мрак, сека е осветлена. Веќе се поставени нови сијалици и на булеварот, како и во останатите улици во градот.               

 Со проектот кој е во тек на реалзиација вкупно ќе будат инсталирани околу 4300 еколошки висококвалитетни ЛЕД светилки од англиско производство на местото на сите стари електрични светилки на територијата на општината..

Станува збор за инвестивија во вредност  од 1.6 милиони евра поддржана од ЕБОР преку ЕСКО модел на јавно-приватно партнерство.

Проектот кој го спорведува Општина Радовиш преку јавно – приватно партнерство, обезбедува подобри услови за граѓаните со примена на мерки за енергетска ефикасност и враќање на инвестицијата исклучиво преку заштеда на енергија.

Со реализацијата на овој проект Радовиш ќе добие енергетски ефикасно јавно осветлување и што е најважно вистинско осветлување.

Отплатата на инвестицијата ќе се врши исклучиво преку оставрената заштеда на енергија во следните осум години, при што Општината нема да има дополнителни трошоци и оптоварување на општинскио буџет.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе