Connect with us

Радовиш

За 4 часа 7 возачи во Радовиш заработиле казна за брзо возење

Media Press

Published

on

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера во периодот од 08.00 до 12.00 часот, спровеле акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени 7 прекршоци. При контролата биле констатирани и 9 останати прекршоци во сообраќајот.
Истиод ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот и на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Гевгелија полициски службеници спровеле акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле откриени 17 прекршоци по акциската контрола и 11 останати.
Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани, информира СВР Струмица.

Радовиш

ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Media Press

Published

on

ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост,  финансиран од австрискиот и од швајцарскиот црвен крст. Со цел запознавање со проектот денеска беше одржан состанок   во просториите на Општина Радовиш, а во организација на Црвен крст од Радовиш. 

На истиот присуствуваа градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, реководителот на центарот за социјални работи од Радовиш и претставници од здруженијата на слепи лица и лица со телесен инвалидитет Мобилност. 

На состанокот секретарот на  Црвен крст Верица Беќарова, ги запозна присутните за самата идеја и целта на проектот, и ги повика заинтересираните лица да аплицираат и да се вклучат во обуката за негувател, но и да и помогнат на оние на кои им е потребно.

Проектот ќе се спроведува во соработка со ОО на црвен крст од Струмица. Секретар на ОО на Црвен Крст од Струмица Маријана Тошева појасни околу самиот проект и колку обучени лица во регионот, во  моментот се ангажирани да им им даваат услуга на слепите и лица со попреченост.

Користењето на ваквите услуги е целосно бесплатно за корисникот и се покрива од Центарот за соијална работа. Ќе постојат два основни вида на помош,  асистенција на слепи лица  и лица со телесен инвалидитет до 65 години и негуватели.

Социјалниот работник при ОО на црвен крст струмица и координатор на обуки рече дека досега се спроведени две успешни обуки.

Двајцата градоначалници дадоа поддршка на ваквиот проект и се ставија на располагање на црвениот крст.

Конкурсот е веќе објавен  и можат да аплицираат лица над 18 години најдоцна до 01 март, потоа ќе бидат повикани на индивидуално интервју на 04 март во просториите на ОО на црвен крст во Радовиш.

Поддршка на проектот даде и раководителот на ЦСР во Радовиш Драги Димитриев, кој рече дека досега многупати имале барања до центарот, за пружење на ваков вид на услуга.

Continue Reading

Радовиш

По триесетина години конечно на ред за изградба и асфалтирање дојде и кракот на улица Плачковица во Радовиш

Media Press

Published

on

По триесетина години на ред за изградба и асфалтирање дојде и кракот на улица Плачковица во Радовиш. Граѓаните  во неверување дека конечно ќе добијат нова асфалтирана улица за нормално функционирање и пристигнување до своите домови.  Општина Радовиш со средства од сопствениот буџет во износ од 5,2 милиони денари  ја гради оваа улица, се со цел рамномерен инфраструктуран развој и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Според градоначалникот Герасим Конзулов кој изврши увид во градежните ективности,проблемите околу имотно правните односи со жителите кои што живеат на оваа улица имало, но се надминати. Оние кои одзеле од државноте земјиште ќе мора да го ослободат, а на оние на кои ќе им беде одземено од приватниот имот ќе им биде платено.

Граѓаните кои што живеат на оваа улица благодарни што конечно некој се сетил на нив и после толку години ќе добијат улица согласно сите стандарди. Нема повеќе да се движат по кал при пообилни врнежи на дожд.

Градежните работи ги изведува фирмата „Коле транс“ од Штип, а реализацијата започна пред петнаесетина дена.

Continue Reading

Радовиш

Боречкиот клуб „Бучим“ Радовиш, на изборното државно првенство за Кадети го освои второто место

Media Press

Published

on

Со напорна работа и вложен труд до видливи резултати. Боречкиот клуб Бучим Радовиш на изборното државно првенство за Кадети го освои второто место со севкупен пласман со само 2 бода зад првиот. Освоени се 4 први, 4 втори и 4 трети места. Претседателот на клубот Владо Лазаров задоволен од постигантото, од тоа што само за три години во клубот членуваат над 85 млади борачи, меѓу кои за прв пат и девојки.

Исто така и во Сениорска конкуренција се освоени едно прво, едно второ и 3 трети места. Тренерот Горан Атанасов вели дека овие резултати се постигнати со многу труд и макотрпни тренинзи, започнувајќи од раните утрински часови па се до вечерта, зависно од тоа кога се слободни младите борачите бидејќи се и учници.

Од БК Бучим изразуваат благодарност до спонзорите, до градоначалникот и до Советот на општина Радовиш за поддршката во изминатиот период. Градоначалникот Конзулов  кој ги посети борачите во Спортската сала и им честита за постигнатиот успех, сеќавјаќи се на некогашните успеси на боречкиот клуб,  задоволен што во Радовиш повторно се ваќа борењето меѓу младите.

Continue Reading