Connect with us

Струмица

Двајца струмичани под истрага за принудување малолетничка да снима порнографски материјали

Media Press

Published

on

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а од Кривичниот законик.

„Во август 2019 година, осомничените на возраст од 24 и 27 години, присилиле малолетничка која имала наполнето 14 години на снимање слики и видео клипови со порнографска содржина. Тие ја повикале оштетената во напуштен локал во еден трговски центар, каде без нејзина согласност извршиле полови дејствија врз неа и тоа го снимиле. Видеото потоа го направиле достапно, така што преку социјална мрежа го испратиле на трети лица.“ – стои во соопштението од ОЈО Струмица

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од бегство, можност да влијаат врз оштетената/сведокот и можност да го повторат делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничните им определи притвор во траење од 30 дена.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Струмица доби Европска куќа, каде младите ќе ги чуваат и негуваат европските вредности

Media Press

Published

on

Струмица доби Европска куќа, во зградата спроти малиот градски парк. На вчерашното отворање, на коешто присуствуваа претседателот на Владата, Зоран Заев и амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир, градоначалникот Коста Јаневски им го предаде клучот од Европската куќа на младите луѓе од Струмица.

„Европска куќа ќе биде исклучително „жив“ простор во кој младите од општина Струмица, па и пошироко, ќе ги чуваат и негуваат европските вредности, преку разни форми на дружење, инфо-услуги, ЕУ-дискусии, реализација на проекти, промоции на ЕУ-настани, изложби, филмски, музички и мултимедијални настани, работилници и слично. Убеден сум дека оваа куќа ќе биде омилена дестинација за младите и дека сите настани кои ќе бидат реализирани ќе ги дадат посакуваните резултати, рече во своето обраќање, градоначалникот Јаневски.

Continue Reading

Струмица

Приведени двајца малолетници поради убиство на 67 годишна струмичанка

Media Press

Published

on

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на Д.М. (67) во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници.

На 19.02.2021, по добиено оперативно сознание во СВР Струмица дека во куќа во Струмица се извршени кривични дела разбојништво и силување,  а врз основа на наредба од Основен суд Струмица, извршен е претрес во куќа на ул. „Балканска” во Струмица, каде е пронајдена мртва Д.М. (67).

Преземени се мерки за расчистување на случајот и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување. Поради основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Убиство”, казниво по член 123 од КЗ, на 19.02.2021 година, најпрво, во Гевгелија е лишен од слободамалолетник (13 години), а потоа во Струмица малолетник (14 години).

По наредба на ОС Струмица, со цел обезбедување на дополнителни докази, извршен е претрес во домовите на осомничените.

Во просториите на СВР Струмица, во присуство на педагог од Центарот за социјални работи Струмица, родител и адвокат, извршен е службен разговор со осомничените, при што целосно е расчистено кривичното дело, а малолетниците со соодветен поднесок се предадени во Oсновното јавно обвинителство и во Центарот за социјални работи во Струмица, за понатамошна постапка согласно законската регулатива, информира СВР Струмица.

Continue Reading

Струмица

Нова ѕвезда на струмичкиот плоштад со името на фудбалската легенда Горан Пандев

Media Press

Published

on

По повеќе од две години од крадењето на ѕвездата на фудбалската легенда Горан Пандев, вчера беше повторно поставена нова ѕвезда.

„Ѕвездата на Пандев беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад.

Верувам дека овој пат, ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад, ќе ја чуваме исто како и што се радуваме на неговите успеси и промоција на нашата општина и нашата држава.“’ – напиша градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски

Continue Reading