Connect with us

Радовиш

Не завршува маката на тутунарите од радовишко, покрај за ценењето револтирани се од бавната динамика на откуп

Media Press

Објавено на

Разочарани и револтирани, ваква е сликата на тутунарите од Радовишко кои  секојдневно чекаат и по цели денови пред откупните пунгтови за да го продадат своето производство. Се караат меѓусебно кој е на ред и дали денеска ќе успеат да го продадат тутунот или утре повторно ќе чекаат на ред. И покрај ниската цена велат дека тешко и бавно оди откупот, се враќаат кутии и се откупува само тутун од погорните класи.

„Чекаме на ред, има многу гужва а помалку кутии откупуват. Враќат кутии кои има исполнето килограмите. Ние имаме уште да донесеме и не знаеме дали ќе го ценеме. Не дават да гледаме ниту како се цени ниту да го видиме обрачунот на тутунарот, се цени зад затворени врати. Ние имаме вишок околу 500 килограми и не знаеме дали ќе го откупат“ вели тутунопроизводител од Воиславци.

„Со карање тутун да продаваш тоа е срамота, се карат затоа што некои што немат договори доаѓаат рано наутро и велат дека се на ред. А ние продаваме по список и пак не сме на ред и затоа се карат луѓето“ вели друг тутунопроизводител

Некои тутунари  револтирани и потиштени не сакаа да зборуват пред камера, но велат дека ваква година не паметат одамна. Да се молат за да го продадат произведениот, со тешка мака тутун.

„Полошо организиран откуп никогаш немало во државата последните 20 години. Секогаш имало тутун со лош квалитет, но организацијата на откупот не било никогаш на вакво ниво“, велат тутнарите. Реалната цена велат тие е 130 до 140 денари имајќи предвид дека тутунот кој би се ценел со четврта класа, стои  на таванот. Разочарани се и од забавената динамика на откупот а не се сигурни ниту дека ќе им биде откупен вишокот на килограми.

На 15 дена пред крајот на законскиот рок на откупот на тутунот, тутунопроизводителите велат дека за новата реколта ќе го намалат производството на тутун.  Тие се разочарани и од здруженијата  на тутунари и од Иницијативниот одбор на тутунопроизводителите, дека не направиле доволно за да ги заштита производителите.

прикажи повеќе

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе