Радовиш
Градоначалникот на Општина Радовиш со ДЕМАНТ во кој категорично ја отфрла содржината на соопштението на Општинската оранизација на ПДТ

Published
3 weeks agoon
By
Media Press
Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, со цел за транспарентно и целосно информирање на јавноста по повод денешното соопштение на Општинската организација на Партијата за движење на Турците објавено на mediapress.mk го испраќа следниот ДЕМАНТ:
„Градоначалникот на Општина Радовиш категорично ја отфрла содржината на соопштението на Општинската оранизација на ПДТ како невестинита и тенденциозна манипулација на јавноста.
Веќе подолго време, со цел да се наруши угледот на градоначалникот Герасим Конзулов, се прават обиди да се создаде проблем таму каде што реално го нема. Употребата на лични навреди и недолични квалификации само ја потврдуваат намерата на определени лица по секоја цена да иницираат конфлик со градоначалникот.
Во овој конткст, укажуваме дека ваквите обиди нема да поминат.
Градоначалникот останува посветен на решавањето на реалните проблеми кои ги засегаат сите граѓани и за тоа сведочат бројните проекти реализирани во градот и наслените места.
Ги повикуваме новинарите и сите релевантни структури да ги посетат турските села и да се уверат во вистината. Општината останува отворена за соработка“, стои во демантот од Кабинетот на градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов.
Поврзани содржини
По триесетина години конечно на ред за изградба и асфалтирање дојде и кракот на улица Плачковица во Радовиш
Градоначалникот Герасим Конзулов со одговор во вид на демант на обвинувањата на советникот Горан Поцев
Елвин Хасан- Поранешен Министер за странски инвестиции, со демант на вчерашната изјава на градоначалникот
Директорката на Здравствен Дом- Струмица Љубица Митева, со демант на одржаната прес конференција на пратеничката Ели Панова
Во тек е уписот на нови дечиња во детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш
Советнички прашања на седница на Совет на кои одговараше градоначалникот Конзулов
Радовиш
ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Published
21 hours agoon
February 26, 2021By
Media Press
ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, финансиран од австрискиот и од швајцарскиот црвен крст. Со цел запознавање со проектот денеска беше одржан состанок во просториите на Општина Радовиш, а во организација на Црвен крст од Радовиш.
На истиот присуствуваа градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, реководителот на центарот за социјални работи од Радовиш и претставници од здруженијата на слепи лица и лица со телесен инвалидитет Мобилност.

На состанокот секретарот на Црвен крст Верица Беќарова, ги запозна присутните за самата идеја и целта на проектот, и ги повика заинтересираните лица да аплицираат и да се вклучат во обуката за негувател, но и да и помогнат на оние на кои им е потребно.

Проектот ќе се спроведува во соработка со ОО на црвен крст од Струмица. Секретар на ОО на Црвен Крст од Струмица Маријана Тошева појасни околу самиот проект и колку обучени лица во регионот, во моментот се ангажирани да им им даваат услуга на слепите и лица со попреченост.
Користењето на ваквите услуги е целосно бесплатно за корисникот и се покрива од Центарот за соијална работа. Ќе постојат два основни вида на помош, асистенција на слепи лица и лица со телесен инвалидитет до 65 години и негуватели.
Социјалниот работник при ОО на црвен крст струмица и координатор на обуки рече дека досега се спроведени две успешни обуки.
Двајцата градоначалници дадоа поддршка на ваквиот проект и се ставија на располагање на црвениот крст.
Конкурсот е веќе објавен и можат да аплицираат лица над 18 години најдоцна до 01 март, потоа ќе бидат повикани на индивидуално интервју на 04 март во просториите на ОО на црвен крст во Радовиш.
Поддршка на проектот даде и раководителот на ЦСР во Радовиш Драги Димитриев, кој рече дека досега многупати имале барања до центарот, за пружење на ваков вид на услуга.
Радовиш
По триесетина години конечно на ред за изградба и асфалтирање дојде и кракот на улица Плачковица во Радовиш

Published
2 days agoon
February 25, 2021By
Media Press
По триесетина години на ред за изградба и асфалтирање дојде и кракот на улица Плачковица во Радовиш. Граѓаните во неверување дека конечно ќе добијат нова асфалтирана улица за нормално функционирање и пристигнување до своите домови. Општина Радовиш со средства од сопствениот буџет во износ од 5,2 милиони денари ја гради оваа улица, се со цел рамномерен инфраструктуран развој и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Според градоначалникот Герасим Конзулов кој изврши увид во градежните ективности,проблемите околу имотно правните односи со жителите кои што живеат на оваа улица имало, но се надминати. Оние кои одзеле од државноте земјиште ќе мора да го ослободат, а на оние на кои ќе им беде одземено од приватниот имот ќе им биде платено.
Граѓаните кои што живеат на оваа улица благодарни што конечно некој се сетил на нив и после толку години ќе добијат улица согласно сите стандарди. Нема повеќе да се движат по кал при пообилни врнежи на дожд.

Градежните работи ги изведува фирмата „Коле транс“ од Штип, а реализацијата започна пред петнаесетина дена.
Радовиш
Боречкиот клуб „Бучим“ Радовиш, на изборното државно првенство за Кадети го освои второто место

Published
3 days agoon
February 24, 2021By
Media Press
Со напорна работа и вложен труд до видливи резултати. Боречкиот клуб Бучим Радовиш на изборното државно првенство за Кадети го освои второто место со севкупен пласман со само 2 бода зад првиот. Освоени се 4 први, 4 втори и 4 трети места. Претседателот на клубот Владо Лазаров задоволен од постигантото, од тоа што само за три години во клубот членуваат над 85 млади борачи, меѓу кои за прв пат и девојки.
Исто така и во Сениорска конкуренција се освоени едно прво, едно второ и 3 трети места. Тренерот Горан Атанасов вели дека овие резултати се постигнати со многу труд и макотрпни тренинзи, започнувајќи од раните утрински часови па се до вечерта, зависно од тоа кога се слободни младите борачите бидејќи се и учници.

Од БК Бучим изразуваат благодарност до спонзорите, до градоначалникот и до Советот на општина Радовиш за поддршката во изминатиот период. Градоначалникот Конзулов кој ги посети борачите во Спортската сала и им честита за постигнатиот успех, сеќавјаќи се на некогашните успеси на боречкиот клуб, задоволен што во Радовиш повторно се ваќа борењето меѓу младите.



ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Мисајловски: Преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит

Над 100.000 регистрирани позитивни случаи од почетокот на пандемијата, 582 нови пациенти во изминатите 24 часа
