Македонија
Предвиден е Националниот оперативен план за вакцинација од 200.000 дози на кинеската вакцина од Синофарм
Објавено на
Од
Media Press
Владата донесе одлука за набавка на 200.000 дози на кинеската вакцина од Синофарм. Министерството за здравство во понеделник ќе го потпише договорот и реализира плаќањето, а вакцината се очекува да пристигне во текот на февруари.
Согласно овие колични кои се значително повеќе од првичните предвидени, ревидиран е Националниот оперативен план за вакцинација кој тековно ќе се ажурира.
„Согласно планот во првата фаза се вакцинираат: здравствени работници кои директно работат со ковид пациенти и од службите за итни состојби, од клиничките болници, јавни и приватни, од посебните институциите како домовите за стари лица, домови за лица со посебни потреби, матични лекари и друг здравствен персонал вработен во матичните ординации, вработени во лаборатории за тестирање и дијагностика, јавни и приватни, здравствените работници, кои ќе ја спроведуваат вакцинацијата“, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Во првата фаза, можност за вакцинација добиваат и сите граѓани над 70 години.
„Во втората фаза, се вакцинираат: лица постари од 65 години, лица од 18 до 64 години, со коморбидитети или здравствени состојби детерминирани како значително висок ризик за стекнување на тешка болест. Здравствени работници ИЈЗ и ЦЈЗ, здравствени работници фармацевти, стоматолози и друг здравствен персонал, вработени во витални институции како полиција, војска, парламент, Влада, новинари и сл. Вработени во образовни институции и градинки со предност на оние кои одат со физичко присуство на работа.
И во третата фаза се вакцинираат сите преостанати лица од повеќе групи: Вработени во други важни дејности, како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена и тн. Вработени во банкарски сектор, земјоделие и тн. Останати вработени во образование и во здравство со низок ризик на зараза. Лицата кои не може да одржуваат физичка дистанца (затвореници, студенти од домови, и сл). И на крајот, сите граѓани кои сакаат да примаат вакцина на возраст од 18 до 64 години“, рече Филипче.
Дневно е предвидено да се вакцинираат од 2000 до 2500 граѓани преку постоечката здравствена мрежа и вакциналните пунктови. Со оваа количина во која имаме две дози за вакцина и ревакцина ќе се вакцинираат 100.000 граѓани.
Закажувањето на вакцинацијата ќе оди преку системот Мој
Термин, како и преку онлајн апликација. Матичните лекари ќе добијат список од
Мој Термин во кој влегуваат сите пациенти над 70 години. Лекарот сите тие
пациенти ќе ги контактира поединечно преку телефон, за да ги праша дали сакаат
да се вакцинираат.
„Доколку лицето сака да се вакцинира, матичниот го
регистрира пациентот во Мој Термин и забележува на кој вакцинален пункт сака да
се вакцинира пациентот, пунктот пациентот го избира сам. Потоа, системот Мој
Термин ги закажува точниот датум и време за сите регистрирани пациенти, а
матичниот лекар повторно телефонски ги известува своите пациенти за закажаниот
термин“, рече Филипче.
Следната недела ќе биде готова он-лајн апликација преку која ќе се врши закажување за вакцинација. Сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат ќе може да се пријават преку истата, по што системот Мој Термин ќе испорача точен термин за вакцинација.
За секој граѓанин веднаш по апликација на првата доза, ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими. Вакцинираните граѓани ќе добијат соодветен сертификат за примената вакцина.
„Вакцинацијата во оваа фаза е наменета за групите граѓани кои се јасно дефинирани во планот. Апелирам граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број како би се заштитле од ризик“, вели Флипче, притоа аплеирајќи дека и натаму треба да се почитуваат другите јавно здравствени мерки од страна на сите граѓани- носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена, кои заедно со вакцинацијата ќе овозможат најдобра заштита од COVID19 и сузбивање на пандемијата.
Поврзани содржини

За претседателот Глигоров Европа беше национална цел, порача Филипче, на синоќешниот свечен настан по повод 35 години од независноста, во организација на СДСМ

(Видео)Филипче: Паника во ВМРО и медиумите под нивна контрола по падот на Орбан

Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Филипче од Конче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

Филипче за унгарскиот кредит: „Едноставно, никој не знае каде се една милијарда евра“

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

