Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека сите уште лани во август договараа вакцини, Филиче и Заев одмараа
Објавено на
Од
Media Press
Ако САД и ЕУ во август минатата година разговараа и преговараа договори за набавка на вакцини против корона, надлежните во Македонија тераа одмор. Сега во сите држави се вакцинира и се брои колку од населението е вакцинирано, кај нас нема вакцини, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста.
Од таму велат дека во другите држави се разговара за ефикасност на вакцините, кај нас нема за што да се разговара за тоа бидејќи нема вакцини. За граѓаните нема никакви вакцини, а не да имаат избор со каква ќе се вакцинираат. Во другите држави се прават планови и се разгледуваат новите соеви на корона вирусот, кај нас надлежните ги лажат граѓаните.
„Свесни ли се Пендаровски, Заев и Филипче за своите пропусти? Свесни ли се дека не успеаја да ја набават основната алатка во борбата против корона, вакцината? По толку лаги Филипче, а и Заев ги нема да кажат нешто за вакцините. Зарем не можат мајсторите за лаги да смислат нова?!“ – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Поврзани содржини

Бесплатна вакцинација за сезонски грип во Домот за стари лица во Радовиш

Утре во Радовиш бесплатна акција „ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ по повод Светскиот ден на здравјето

Голем интерес за трета вакцина во Гевгелија

Трета доза вакцина примиле 181 граѓани

Филипче најави нова мерка која сигурно ќе се препорача од октомври, сертификат за целосна имунизација

Со две дози вакцина се вакцинирале околу 603.000 граѓани во државата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

