Регион

Откупните компании со намалена динамика за откуп, тутунарите стравуваат дали ќе биде откупен вишокот на тутун

Откупот на тутунот според законскиот рок би требало да заврши на 28 февруари, но се очекува истиот да биде продолжен, поради намалената динамика на откуп, бидејќи како што велата тутунарите се уште има вишок  на неоткупен тутун.

Досега се откупени  над  16 илјади од вкупно 23 илјади тони тутун со склучени договори, или 75 проценти од вкупното производство. За преземање чекаат и околу 4 илјади тони  вишок на тутун, кои компаниите ветија дека ќе го преземат иако нема договори за него.

Но, тутнопроизводителите од Општините Радовиш и Конче се жалат дека наместо да ја зголемуваат, откупните комании ја намалуваат динамиката за  преземање на родот, се ограничува откупот по број на кутии или до полнење на камионот, поради што  се сомневаат дека откупот ќе заврши во законскиот рок, до крајот на февруари, а не се задоволни ниту од проценките и ниските откупни цени. Според тутунарите просечната откупна цена на тутунот е околу 160 денари за килограм што е далеку под просекот во минатата година. На подрачјето на Општините Радовиш и Конче тутун откупуваат десетина компании.

„По катастофален и полош организиран откуп никогаш немало во државата последните 20 години. Секогаш имало тутун со лош квалитет, но организацијата на откупот не било никогаш на вакво ниво“, велат од Иницијативниот одбор на тутунопроизводителите.

Иницијативниот одбор бара во Собранието да се расправа за состојбите со тутунот,  средствата од  петтиот пакет мерки за тутунарите да бидат  по килограм предаден тутун,  останува и  барањето за 100 денари субвенции за сите класи, а најавија и дека формираат здружение на тутунопроизводители.

Тутунопроизводителите разочарани и револтирани од годинашниов откуп велат дека за новата реколта ќе го намалат производството на тутун а некои пак размислуваат  да ги пакуват куферите и својата егзистенција да ја бараат во странство. Тутунарите во прилепско, денеска пак излегоа на протести, поради незадоволството од откупот на тутун, поради лошата проценка.

Од друга страна пак од Владата информираат дека е усвоена стратегијата за тутун 2021- 2027 година.

Меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун како посебни се издвоени: државната помош на земјоделските стопанства, кои се занимаваат со тутунско производство; поддршката на доходот на земјоделските стопанства; политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони; и поддршката за формирање организации на производители.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago