Connect with us

Македонија

Мицкоски: Гоце Делчев, македонски херој врз чие име, дело и жртва почива нашата борба за слобода и денешната држава Македонија

Avatar

Published

на

Името и делото на Апостолот на ВМРО – Гоце Делчев, отсекогаш претставувало инспирација на македонскиот патриотизам во борбата за создавање на независна македонска држава, вели лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Во негова чест во 1923 година Македонците – емигранти во Пловдив се организираат во македонско друштво “Гоце Делчев”. Друштвото имало за цел со легални средства под девизата “Македонија на Македонците” да се бори за независна Македонија.

Документот всушност се првите членови од Уставот на друштвото, кој бил потврден од министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Денес се одбележуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, македонски херој врз чие име, дело и жртва почива нашата борба за слобода и денешната држава Македонија.

“Во жртвата нема степен, таа завршува со чест и со име”, додава Мицкоски.

Избори 2024

Сашко Јанчев (Носител во ИЕ4) со мерки од изборната програма за Парламентарни избори 2024

Avatar

Published

на

Носителот од Левица во ИЕ 4 Сашко Јанчев ја презентира својата програма пред граѓаните и како што вели во неа се предвидени пред се проекти за сите граѓани.

„Максимирање на цените на метар-квадратен станбена површина. Предвремена пензија за родителите и дневни центри за лицата со посебни потреби. Зголемување на минималната плата, минимална пензија 2/3 од минималната плата, изградба на државни пензионерски домови. Бесплатно земјиште и неповратни сретства за лицата кои што сакаат да се занимаваат со земјоделие и да живеат на село. Дуплирање на субвенциите за мали производители.“ се само дел од програмата на Левица

Прочитај повеќе

Избори 2024

СДСМ: СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

Avatar

Published

на

„Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, порачуваат од СДСМ.

„Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 ми мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ Со исправена глава, поставени на вистински европски пат кој е единствена опција за суштинска промена во нашата држава. Во тоа име ве повикувам масовно, ги повикувам сите граѓани на Македонија масовно да излезат на избори, на 8 мај и својот глас да го дадат за нашиот претседател Стево Пендаровски и за пратеничките листи на СДСМ и коалицијата за европска иднина, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски синоќа на митинг на коалицијата за европска иднина во Чучер Сандево.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Носителот во ИЕ 4 од Движење ЗНАМ – За наша Македонија Миле Цеков, јавно им се заблагодарува на граѓаните за поддршката

Avatar

Published

на

Носителот во ИЕ 4 од Движење ЗНАМ – За наша Македонија Миле Цеков, се заблагодари на граѓаните кои го дале својот глас за кандидатот за петседател Максим Димитриевски притоа потенцирајќи дека граѓаните испратиле јасна порака.

„Огромна благодарност до сите оние храбри граѓани кои ја дадоа поддршката за Претседателот Maksim Dimitrievski. Се роди новата политичка сила, граѓаните испратија јасна порака, позитивна енергија се шири низ цела Македонија. На граѓаните им е доста од корупција, неправда, сиромаштија, лажни ветувања и криминална власт. Ние од Движењето ЗНАМ јавно ветуваме, РАБОТА, РАБОТА, ЧЕСНОСТ…Во Македонија мора да има среќни богати граѓани, богати земјоделци а не богати политичари, редно време е да се стави ред.. Ви благодариме на вашата поддршка,“ објави Цеков на својот ФБ профил.

Прочитај повеќе