Connect with us

Гевгелија

Годинава ќе започне изградбата на гасоводот од Неготино до Гевгелија, проектот е готов

Media Press

Објавено на

До средина на оваа година ќе извадиме одобрение за градење а до крај на годината, а може и порано да распишеме тендер за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Гевгелија.

Министерот додаде дека проектот е готов,  за него има одобрение од министерство за животна средниа и заедно со Национални енергетски ресурси се работи за побрза изградба на оваа магистрална делница.

“ Гасификацијата е доста значаен проект за сите.  Во делот на плановите за изградба на магистралниот гасовод од Гевгелија до Неготино, имаме готов проект и моите очекувања се дека во текот на летниот период ќе извадиме одобрение за градење и до крај на годината да го тендерираме. Се работи за проект за изградба на гасовод во должина од 68 километри со што ова е уште еден чекор за поврзување со интерконекторот со Грција. Во меѓувреме,  оштините да работат на секундарната мрежа и преку НЕР заедно да ги надминене сите проблеми со кои се соочуваат. За мене е значајно што во текот на оваа година завршуваат гасоводите од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар“,  изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски. 

Покрај ова, министерот Бочварски најави и нови проекти во Гевгелија за подобрување на комуналната мрежа и локалната инфраструктура.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот на АД за станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски извршија увид во изградба на социјална зграда во Гевгелија.

Инвестицијата е 80 милиони денари, се градат вкупно 52 станови а според договорот зградата треба да биде завршена во март 2022 година.

Директорот на АД за станбен и деловен простор, истакна дека покрај оваа зграда во постапка за изгардба се уште четири нови згради во Сарај, Кочани, Дебар и Пехчево.

“ Преговараме со банката која го финансира овој проект за продолжување, односно да финанисра нов проект за изградба на нови социјални згарди во општините. Очекуваме некаде до средината на оваа година да имаме постигнато договор”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АДССДП.

За градоначалникот Сашо Поцков, сите инфраструктурни проекти се од огромно значење за развој на општина Гевгелија како и за регионот.

Тој најави нови проекти во делот на реконструкција на улиците во општината и подобрување на комуналната мрежа.

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе