ВМРО-ДПМНЕ денеска ја започна постапката за укинување на Законот за попис
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја
започна постапката за укинување на Законот за попис, со цел пописната операција
да биде одложена. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски на
прес-конференцоија рече дека тоа е неопходно во услови кога во Македонија
епиемијата не запира, а земјава е на врвот на листата според број на заболени и
починати. Тие се и понатаму на ставот да не се загрозува здравјето на граѓаните и
да се спроведе електронски попис.
Мицкоски рече дека постапката за укинување на
изгласаниот Закон за попис е започната и ја повика власта Пописот наместо во
април, да се одржи идната година со цел граѓаните да не се изложуваат на
опасност од заразување со коронавирусот.
„Сведоци сме дека голем број на држави во регионот,Бугарија, Србија, Хрватска, но и Романија и Германија, водејќи сметка и грижејќи се за здравјето на граѓаните, одлучија да го одложат пописот за наесен или за напролет следната година. Бидејќи кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, апелираме до владата на разум, апелираме до собранието на разум да се грижат за здравјето на граѓаните и да го одложат пописот за пролета 2022 година. Ништо нема да се промени доколку се одложи за неколку месеци”, рече Мицкоски.
„Да потсетам, станува збор за илјадници наши сограѓани чие што здравје Владата директно го изложува и ги загрозува нивните животи, во услови кога не се пристигнати ниту вакцините. Да не мислеа на провизии, да не мислеа на арамилук и криминал, можеби ќе беше поинаку. Апелираме на разум, пописот да биде одложен за 2022 година”, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати апел да биде прифатено барањето на опозицијата за електронски попис, што беше, како што нагласи, поддржано од Европската Унија уште во 2015 година, како и од Европската комисија.