Македонија
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја започна постапката за укинување на Законот за попис
Објавено на
Од
Media Press
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја започна постапката за укинување на Законот за попис, со цел пописната операција да биде одложена. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски на прес-конференцоија рече дека тоа е неопходно во услови кога во Македонија епиемијата не запира, а земјава е на врвот на листата според број на заболени и починати. Тие се и понатаму на ставот да не се загрозува здравјето на граѓаните и да се спроведе електронски попис.
Мицкоски рече дека постапката за укинување на изгласаниот Закон за попис е започната и ја повика власта Пописот наместо во април, да се одржи идната година со цел граѓаните да не се изложуваат на опасност од заразување со коронавирусот.

„Сведоци сме дека голем број на држави во регионот,Бугарија, Србија, Хрватска, но и Романија и Германија, водејќи сметка и грижејќи се за здравјето на граѓаните, одлучија да го одложат пописот за наесен или за напролет следната година. Бидејќи кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, апелираме до владата на разум, апелираме до собранието на разум да се грижат за здравјето на граѓаните и да го одложат пописот за пролета 2022 година. Ништо нема да се промени доколку се одложи за неколку месеци”, рече Мицкоски.
„Да потсетам, станува збор за илјадници наши сограѓани чие што здравје Владата директно го изложува и ги загрозува нивните животи, во услови кога не се пристигнати ниту вакцините. Да не мислеа на провизии, да не мислеа на арамилук и криминал, можеби ќе беше поинаку. Апелираме на разум, пописот да биде одложен за 2022 година”, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати апел да биде прифатено барањето на опозицијата за електронски попис, што беше, како што нагласи, поддржано од Европската Унија уште во 2015 година, како и од Европската комисија.

Поврзани содржини

25 години од загинувањето на осум припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила

Мицкоски: Состојбата со пожарите е под целосна контрола, ангажирани на терен се и Армијата и полицијата, активиран е ЕУ-механизмот

Мицкоски го претстави Оперативниот план за вработување за 2025 година со кој ќе бидат опфатени над 16.000 граѓани

Мицкоски: Се додека не видиме добра волја и испорака од Бугарија, нема отворање на Уставот додека сум јас претседател на Владата

Верниците од муслиманска вероисповед денеска го слават Рамазан Бајрам

Премиерот Мицкоски заедно со Градоначалникот Ристов во посета на започнатите инфраструктурни објекти кои се реновираат во Општина Радовиш

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

