Connect with us

Радовиш

Од денеска официјално започнува со работа новиот нотар во Радовиш, Никола Камчев

Media Press

Published

on

Граѓаните од Општините Радовиш и Конче  за своите основни нотарски работи конечно имаат на располагање уште еден нотар.

 Денеска официјално беше отворена новата нотарска канцеларија  на новоизбраниот нотар Никола Камчев попознат како Нино, кој досега работеше како адвокат, а е именуван за втор нотар во Радовиш.

Никола Камчев, кој ја отвори својата нотарска канцеларија со локација на улица „Илионденска“ во центарот на градот, веднаш спроти старото собрание, е именуван со решение на министерот врз основа на конкурс за именување на нотари,  кој го распиша министерството.

На денешното свечено отварање кое беше спроведено согласно протоколита за заштита од Ковид-19, беа присутни повеќе гости, претставници од општината меѓу кои и градоначалникот Герасим Конзулов, адвокати, правници вработени во бизнис секторот и други гости.

 Радовиш беше без нотар околу 2 години, поточно од Јануари 2018 година, по пензионирањето на нотарот  Јован Стојчев. Од тогаш граѓаните од општините Радовиш и Конче, основните нотарски услуги ги извршуваа во  Струмица, се до ноември 2019 кога беше избран првиот нотар,  а од денеска официјално започнува со работа и вториот нотар Никола Камчев,

Инаку според законот на подрачјето на Основниот суд ако има до 20.000 жители според последниот службен попис, треба да има најмалку  еден нотар. Во општина Радовиш со околу 15-тина населени маста, има  околу 28 илјади жители, што значи има услови за работа на двајца нотари. 

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената

Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов со пригодна честитка им го честита 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

„Родовата рамноправност е фундаментално човеково право со кое се зголемува општествената кохезија и благосостојба. Ве охрабрувам да останете посветени на политиките за рамноправност и зајакнување на родовата еднаквост во сите сфери на живеење.“ – стои во честитката

Воедно, тој им се заблагодарува што посветено работат за развојот на локалната заедница и општина и им посакува добро здравје и успех на секое поле.

Continue Reading

Радовиш

Во недела наутро ЈП Плаваја ќе врши кастрење на високостеблести дрвја, препаркирајте ги своите возила

Media Press

Published

on

ЈП Плаваја им соопштува на станарите во зградите со број 41, 43, 45, 47 и 49, на улица Самоилова“, на потегот од улица „Кеј 8-ми Септември“ до улица „22-ри Октомври“, во Радовиш, дека на ден 07.03.2021 година во недела, со почеток во 07:00 часот наутро, ќе пристапи кон кастрење и сечење на високостеблести дрвја, постапувакќо по решение издадено од ЕЛС Општина Радовиш.

„За таа цел се замолуваат граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила на паркингот пред наведените згради, а исто така и да го намалат движењето во тој дел од градот во наведеното време. За секоја евентуално настаната штета ЈП Плаваја нема да сноси одговорност, доколку не се почитува ова соопштение“, велат од ЈП плаваја.

Continue Reading

Радовиш

Започна уредувањето на тротоарите на улица Плачковица во Радовиш

Media Press

Published

on

 Активно се работи на изградба и уредување на тротоарите на улица Плачковица, во населба Куклевица во Радовиш. Граѓаните кои  што живеат во оваа населба по околу триесетина години,  велат дека конечно улицата заличи, а и ќе нема повеќе трева и кал на тротоарите.

 Градоначалникот Герасим Конзулов денеска изврши увид во градежните активности  и притоа спомна дека станува збор за поставување на 11 илјади метри квадратни бекатон плочки на тротоарите на улицата.

Конзулов  вели дека со право, на секоја средба со граѓаните се барало да се уредат пешачките зони и да се зголеми безбедноста во сообраќајот на една од најпрометните  улици во градот. Тој спомне и дека сега е решен и проблемот со водоснабдувањето, кој беше долгогодишен проблем во населба Кулкевица, благодарение на успешното менаџирање на сегашниот директор во ЈП Плаваја, но и со изградбата на новиот резервоар за вода.

 Градоначалникот Конзулов спомна и дел од проектите на кои се работи во овој период и кои ќе следуваат во наредните месеци. Ќе се дозаврши регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица, се гради мостот на река Марлада, ќе се градат нови фасади на три згради во центарот Радовиш, ќе бидат изградени велосипедска и пешачка патека од двете страни на булеварот Александар Македонски, целосно ќе се обновува улица Свети Спасо Радовишки се до монополот, а ќе се реализираат проекти и во населените места.

 Конзулов спомна дека има проблеми со несериозноста на некои изведувачи но се преземаат мерки  да се надминат.

Continue Reading