Connect with us

Македонија

Хирурзи од Бугарија и од Македонија водат успешен проект за операции кај бебиња на тешки вродени неонатални аномалии

Avatar

Published

на

За две години на Универизитетската клиника за детска хирургија во Скопје се направени 160 комплексни операции кај новороденчиња и бебиња со тешки вродени аномалии. Најмалиот пацинет опериран на клиниката има само 1.300 грама. Овие операции се во рамки на проектот на Министерството за здравство за соработка на  Клиниката за детска хирургија во Скопје и Универзитетската болница за детска хирургија „Пиргов” од Бугарија.

Како што информираат од Министерството за здравство, Проектот е започнат од пред две години. Истиот овозможува едукација и на нашите детски хирурзи и воведување нови методи на хируршки интервенции.

„Претходно многу често се случуваше тешки случаи на аномалии кај мали пациенти, да се упатуваат за операција во странство. Денес овие операции се прават успешно на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Во рамки на последната работна посета, министерот за здравство д-р Венко Филипче на Клиника за детска хирургија во Скопје се сретна со проф. д-р Цветко Георгиев и доц. д-р Христо Шивачев, двајцата од Универзитетската болница за детска хирургија „Пиргов”, кои последните две години со тим на наши детски хирурзи оперираат применувајќи нови методи од областа на торакална детска хирургија кај бебиња со тешки вродени неонатални аномалии. На средбата на која беа споделувани искуства за работата, присуствуваа дректорот на Клиниката за детската хирургија, д-р Лазар Тодоровиќ и детскиот хирург д-р Јетмир Зибери, кој го предводи македонскиот тим хирурзи кој оперираат тешки вродени аномалии кај бебиња“, информираат од МЗ.
Во рамките на заемната соработка, освен двајцата хирурзи од Бугарија кои доаѓаат и оперираат заедно со хирурзи од скопската клиника, лекари од Детска хирургија, заминуваат на обука и едукација во клиниката „Пирогов“ во Бугарија.

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе