Македонија

Уште една можност за професионалните војници со навршени 45 години, ќе можат да работат како пожарникари во против-пожарните единици

Нова можност за професионалните војници со навршени 45 години да ја продолжат својата кариера како пожарникари во против-пожарните единици низ земјата, информираше денеска државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ.

„Министерството за одбрана посветено работи на спроведување на законската обврска околу грижата за професионалните војници коишто со навршени 45 години возраст ја напуштаат Армијата. Од денеска отвораме нова можност за нашите досегашни колеги со трансфер во против-пожарната дејност во Републиката. Шеснаесет поранешни професионални војници својата кариера ја продолжуваат во територијалните против-пожарни единици на работни места пожарникари-спасители и тоа 8 лица ја пополнуваат против-пожарната бригада во Скопје, 5 лица стануваат пожарникари во Кичево, а тројца во општина Валандово“, информираше државниот секретар Николиќ.

Тој додаде дека непречено се реализира и трансферот на професионалните војници и во други органи на државната и локалната власт – во моментот се реализира превземање на професионалните војници и во Управата за извршување на санкции, на работни места затворски надзорници во Казнено-поправните установи во Идризово, Штип, Куманово, Велес. Во тек е и постапката за превземање во судовите низ државата, како дел од судската полиција, а дел од овие поранешни војници ќе останат во рамките на Армијата како цивилни лица.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago