Македонија

Зголемен бројот на нови случаи за една недела, а намален на починати и оздравени

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 25 до 31 јануари биле тестирани вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=984; 48,3 отсто), со неделна инциденца – 159,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 18 отсто или во просек 14 отсто, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (18,1%), 50-59 (17,9%), 30-39 (18,4%) и 20-29 (12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години (2,0%) и 10-19 години (4,8%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago