Connect with us

Балкан

Карантин за сите граѓани кои при влез во Бугарија нема да покажат негативен ПЦР-тест

Avatar

Published

на

Бугарските државјани и сите лица со постојан или долготраен престој во Бугарија од денеска при влез во земјата доколку немаат негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред влез во земјата, ќе бидат ставени во 10-дневен карантин заедно со членовите на нивните семејства.

Оваа одлука е донесена вчера од Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.

Директорите на регионалните здравствени инспекции можат да го укинат карантинот на соодветни групи лица кои пристигнале во Бугарија во периодот од 29 јануари до 1 февруари. Услов е граѓаните да достават документ кој покажува негативен резултат од PCR тест направен во рок од 24 часа од влегувањето во сила на оваа наредба. Во такви случаи, карантинот се укинува во рок од 24 часа по поднесувањето на документот.

Балкан

Грција бележи пораст на бројот на нови случаи со Ковид – 19, потврдени се нови случаи и со делта сојот

Avatar

Published

на

Трет ден Грција бележи раст на бројот на новозаразени од Ковид -19, а денеска по пауза од месец и половина се регистрирани над 2.000 нови случаи, додека пак потврдени се и уште 67 случаи од делта сојот.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24 часа регистрирани се 2.107 новозаразени, починаа десет лица, а 153 се приклучени на апарати.

Најголемиот број, повеќе од половина нови случаи, односно 1.115 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 241 на островот Крит.

За влез во Грција и понатаму остануваат на сила веќе активните мерки, но бројот на нови случаи сепак е во пораст. Ако патувата во Грција потребно е да приложите еден од овие документи: Сертификат за вакцинација со поминати минимум 14 дена од  примањето на втората доза, Негативен ПЦР тест не постар од 72 час или брз тест направен до 48 часа пред патувањето или пак потврда за прележан Ковид како и пополнет ПЛФ формулар. Тестови не се потребни само за децата до 12 години.

Прочитај повеќе

Балкан

Србија го одложува пописот, кај нас започнува од 1 април

Avatar

Published

на

 Националниот завод за статистика  во Србија донесе одлука да се одложи пописот на населението, домаќинствата и становите за 6 месеци и наместо во април да се одржи во октомври.

Ваквата одлука е донесена поради лошата епидемиолошка сосотојба во државата со корона вирусот која може да ги загрози подготивките и спроведувањето на оваа најважна и скапа статистичка операција.

Во периодот додека се спроведува пописот директно се изложени на ризик и вработените во Заводот поради комуникација со учесниците во истиот,  инструктори, попишувачи, пописни комисии и други лица ангажирани за попишување на специфични категории граѓани.

Најризичен е делот од пописот со изборот и обуката на 20.000 кандидати за инструктори и попишувачи, како и 15.000 попишувачи кои треба да излезат на терен и во рок од месец дена да ги посетат домаќинствата и да го попишат целото населението.

Во пописот се вклучени лица сместени во домови за стари лица, психијатриски болници, домови за деца без родителска грижа, студенти и ученици во студентски домови и пансиони, мигранти во прифатни центри и други категории на население во колективно сместување кои имаат поголем ризик од инфекција, а поради одложувањето на пописот, за в година ќе се одложи и пописот на земјоделството во Србија, кој беше планиран за октомври.

Од Републичкиот завод за статистика наведуваат дека при донесената одлука за одложување на пописот во Србија влијаеле повеќе фактори.  При што најважната била да се осигури здравјето на граѓаните и попишувачите, а ја имале предвид и препораката на Одделот за статистика на Обединетите нации и Фондот за население при ООН, кои издадоа пакет препораки, во кои како најразумно решение е одложување на пописот.

Во Македонија пописот треба да започне од 1 април и покрај секојдневното регистирирање по околу 1000 нови случаи на Ковид -19, оваа статистичка операција кај нас засега не се одлага.

Прочитај повеќе

Балкан

Балканот се простува со Ѓорѓе Балашевиќ

Avatar

Published

на

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ја загуби битката со ковид – 19. Неговата трагична смрт го потресе целиот Балкан.

Na плоштадот Слобода во Нови Сад, илјадници луѓе излегоа на улиците да му оддадат почит и да запалат свеќа.

Загреб беше еден од многуте градови каде луѓето излегоа на плоштадот да се простат од починатиот Ѓорѓе Балашевиќ. Беа запалени и свеќи за „паноноскиот морнар“. 

Ѓорѓе Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад, во семејството на неговиот татко Јован Балашевиќ и Вероника Доленец, од Расиња кај Копривница во денешна Хрватска. Почина на 67 годишна возраст.

Ѓорѓе Балашевиќ е српски и југословенски пејач, кантавтор и глумец. Балашевиќ има издадено 14 албуми. Исто така, има глумено во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката. Живеел и работел во Нови Сад. Бил оженет и имал три деца Јована и Јелена и Алекса.

Прочитај повеќе