Средношколците продолжуваат со бојкотот на наставата поради игнорантскиот однос на МОН. Сојузот на средношколци во реакцијата до Министерството за образование и наука објаснува дека не се залагаат за укинување на државната матура, туку бараат промени поради ситуацијата со коронавирусот.
Државната матура, бараат средношколците да се полага по скратени наставни програми и
методологии,
а програмите треба да се однесуваат на сите предмети, а не
само на неколку.
-Сојузот на средношколци е согласен дека: „Министерството за образование и наука и Владата се должни (да) ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 ученици коишто ја пријави(ле) … да учат на факултет“. Меѓутоа, Сојузот не ја разбира потребата од ваква изјава, имајќи на ум дека ние не се залагаме за укинување на државната матура. Напротив, таа е клучен дел од нашето средно образование, соопштија од Сојузот.
Исто така, тие
посочуваат дека без разлика на тоа што МОН додал дополнителни изборни предмети
(географија и информатика) во сегашната концепција, тоо воопшто не го менува
фактот дека учениците би полагале четири предмети, доколку МОН не ги прифати
нивните барања.
„Ние не ја бојкотираме матурата. Ние само го изразуваме нашето
незадоволство околу тврдоглавоста на МОН. Министерството тврди дека „останува
силен партнер на учениците и матурантите“ и дека „како и досега отворено и
заеднички“ ќе дискутираат за предизвиците. Сојузот ова воопшто не го гледа,
ниту пак делата на МОН го докажуваат истото. Сега активностите на Сојузот се
пренасочија во Собранието, бидејќи само пратениците можат да го убедат МОН
дека, како што самото Министерство вели, „е потребен разум и прифаќање на
состојбите“, се наведува во соопштението на Сојузот на средношколци.
Од Сојузот велат дека не бојкотираат само група матуранти, туку
бојкотира големо мнозинство од матурантите и училиштата ширум земјава.