Македонија

Левица ги поддржува матурантите за изнаоѓање решение во врска со нивните барања за изведување на државната матура

Левица ги поддржува матурантите во нивното настојување низ институционални мерки, во склад со позитивните законски одредби да продолжат со своето барање соодветно решение во врска со начинот и формата на изведување на државната матура.

„И натаму ќе се залагаме за исполнување на нашата програмска определба: укинување на државната матура и воведување на приемни испити на факултетите“, стои во соопштението од Левица.

„Првото полугодие од виртуелната 2020/21 наставна година заврши со бојкот на наставата од учениците во завршните класови во средните училишта. Бојкотот продолжи и во второто полугодие, проследен со игнорантски, дрзок, деспотски однос од страна на надлежните и министерката Мила Царовска.

Едно од правата кои ги уживаат граѓаните на државава е и со Устав гарантираното право за слобода на говор и мислење. Според тоа право, секој, вклучувајќи ги тука и средношколците, има право слободно, без притисоци и закани, да си ги искаже своите ставови. Никој не може да биде казнет за изнесен став, па дури и кога ставот не му се поклопува со оној на наставникот, стручниот соработник, директорот на училиштето или било кој друг авторитет. При тоа, на средношколците, како и на секој друг граѓанин на државава не им е потребна дозвола од било кој да си ги искажат ставовите.

Учениците имаат право да бараат јавни информации за функционирањето на училиштето или за начинот на кој ќе се организираат нивните испити. Имаат право и да не се согласат со предложениот модел, да бараат истиот да биде променет и прилагоден на околностите и условите. Средношколците, како граѓани, имаат право да не се согласуваат со моделот за полагање матура и да протестираат со цел истиот да го променат.

Правото на протест е загарантирано со Устав, кој е највисок правен акт во државата и никој не смее да го оспори. Притисокот кој се прави (вонредни родителски средби, заканување со изостаноци и последици од истите, т.е игнорирање на известувањето за бојкот на настава) е ништо друго освен кршење на граѓанските права и слободи на матурантите, а со тоа и на Уставот.

Надлежното министерство е должно, место деспотски да ја наметнува својата волја, да најде начин за дијалог со цел изнајдување соодветно решение“, стои во соопштението од Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago