Македонија

Отпремнина за војниците што ќе навршат 45 години возраст

„На војниците што ќе навршат 45 години возраст им нудиме уште една можност а тоа е да добијат отпремнина во висина од 1000 евра за секоја помината година на служба во Армијата, со што практично им даваме шанса за нов почеток.

Со оваа можност војниците со поминати 10, 15,20 или 25 години на служба во Армијата можат да земат по 10, 15, 20 или 25 илјади евра отпремнина, што е солидна сума за започнување на бизнис или друга иницијатива за развој на кариерата, што иако ќе го чини многу буџетот, од друга страна ќе биде и импулс за развој на економијата “, соопшти на денешната прес-конференција министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

За остварување на своето право на отпремнина, војниците ќе треба да поднесат писмено барање до половина на годината во која полнат 44 години, што се овозможува Министерството за одбрана навремено да ги планира финансиските средства кои треба да бидат одвоени за оваа намена.

Оваа најнова измена е дел од Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија кој вчера доби зелено светло од Владата.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago