Македонија

Маричиќ: Потребно е да се обединиме – пописот е врвен државен приоритет

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање во Собранието на средбата на државниот врв со градоначалниците, кажа дека потребно е политичарите и целото општество да се обедини и да го поддржи пописот, бидејќи оваа статистичка операција е од суштинско значење за државата.

„Мојот повик денес овде пред сите вас, сакам да биде обединувачки. Потребно е политичките партии, вклучително и опозицијата, да го поддржат и стимулираат попишувањето, бидејќи само сплотени во идејата за модерна и напредна држава можеме да успееме. Држава каде во креирањето на развојните политики ќе се користиме со ажурирани и издржани податоци, како што и ни доликува за една земја членка на НАТО и претендент за ЕУ членство,“- кажа министерот Маричиќ.

Според Маричиќ, објавувањето на методологијата по кој ќе спроведе попишувањето ќе ги разоткрие сите вештачки создадени митови за тоа дека воопшто можат наводно да се фингираат резултатите од работата на македонските статистичари.

„Се надевам, дека оние кои сега работат активно на минирање на овој процес, ќе најдат причина, ставајќи го доброто на државата и граѓаните на прво место, на свој начин да придонесат за успешноста на овој процес“, – потенцираше Маричиќ.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago